Знаци кои покажуваат дека на вашата врска и истекол „рокот на траење”

Постојат ситуации кога и покрај вложениот труд и покрај тоа што постојат чувства, сепак мора да знаете кога и нема спас на врската. Токму тогаш, најдобро е да ставите крај и да се спасите себе, но и партнерот.

znaci-koi-pokazuvaat-deka-na-vasata-vrska-i-istekol-rokot-na-traenje-1

Постојат мигови кога и обајцата сфаќате дека згаснала онаа искра која ја одржувала вашата врска и дека љубовта полека се губи. Често пати врската прераснува во навика, но некогаш на навиките е најдобро да им ставите крај.

Овие неколку сурови докази покажуваат дека е време за нова љубов во вашиот живот:

1. Кога последен пат имавте секс?

Иако сексот не треба да биде темел на една врска, но сакале признале или не, сепак е клучен за развојот на врската или бракот. Кога сексот ќе исчезне, тешко е да се воспостави поврзаност на платонска основа.

2. Се помалку сте заедно

Ако забележите дека се почесто сте оддалечени по сопствена желба и иницијатива, тогаш вашата врска е во сериозен пад. Доколку повеќе сакате да поминувате време со пријателите, отколку со партнерот или партнерката, време е да размислите за ситуацијата.

3. Одбивате да комуницирате

Кога имате проблем на работа и сакате со некого да споделите, ако се јавите на пријателот, наместо на личноста со која сте во врска, тогаш тоа е дефинитивен аларм за крај на љубовта. Откога еднаш ќе исчезне комуникацијата, многу тешко повторно може да ја вратите во првобитна состојба.

znaci-koi-pokazuvaat-deka-na-vasata-vrska-i-istekol-rokot-na-traenje-2

4. Разговорите завршуваат со кавги

Ако вашите кавги се однесуваат на безначајни ситници, тогаш залудно си го губите здравјето. Животот е премногу краток за да го поминете во врска без љубов и разбирање.

5. Не искажувате на нежности

Голема е разликата меѓу искажување нежност и водењето љубов. Нежностите се однесуваат на оние мали знаци кои ја искажуваат љубовта како бакнежите, држењето за рака во јавност, прегратките...Кога не му кажувате на партнерот дека го сакате или тоа го правите автоматски, по некоја навика, тогаш на вашата врска дефинитивно и истекол рокот на траење.

Ако во било што сте се препознале, бидете искрени и размислете дали можеби е вистинското време вие и вашиот партнер да ставите крај. Иако звучи тажно, сепак е реално и вистинито.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg