Проверете: Дали навистина е луд по вас или само си игра?

Можеби сè уште не ви кажал дека ве сака, но одредени знаци јасно откриваат дека сте му многу повеќе од минлива авантутра. Ако сакате да откриете дали се заљубил во вас обрнете внимание на знаците кои откриваат дека е луд по вас.

proverete-dali-navistina-e-lud-po-vas-ili-samo-si-igra-01

Машките понекогаш знаат да бидат прилично тешки и не може да ги прочитате, а сигурно секоја барем еднаш  се запрашала: Дали е луд по мене или само си игра?

Тестирајте го!

Страсни бакнежи кои траат долго

Кој не сака неодоливи долги бакнежи? Ако ве бакнува со долги и страсни бакнежи од кои ви поминуваат морници, тоа е добар знак.

Неговите пријатели ве сакаат

Ако сите негови пријатели кон вас се пријателски настроени и уживаат во вашето друштво, тоа е знак дека им е многу драго што нивниот пријател е среќен во љубовта.

Ги презема обврските што не ги сакате

Доколку живеете заедно тој го изнесува ѓубрето, го чисти подот на тоалетот и ви помага за сè што не можете или ве мрзи да направите. Можеби не звучи романтично но тоа е негов начин да покаже дека сте му важни. Сигурно пеглањето не го прави среќен, но го прави тоа затоа што вас ќе ве направи среќни.

Се смее после бакнежот

Ако го фатите како се смее после бакнувањето, тоа е јасен знак дека не може да ви одолее.

Ви се јавува и ви праќа пораки без посебна причина

Не го прават тоа сите, некои немаат таква навика и не е еден од највообичаените знаци, затоа не паничете ако тоа не го прави. Ако вас сепак ви се јавува само за да ви го слушне гласот, тоа е знак дека постојано мисли на вас и дека му недостасувате кога не сте заедно.

Стисок на рацете

Многу од мажите не се љубители на покажувањето чувства во јавност, но постојат тие мали суптилни начини на кои ви покажува што точно чувствува кон вас. Ако во друштво незабележливо ви ја стисне раката, тоа е како секојпат да ви кажува: „Те сакам“.

proverete-dali-navistina-e-lud-po-vas-ili-samo-si-igra-1.jpg

Ве запознава со семејството

Мажите главно не се склони секоја девојка со која излегуваат да ја запознаваат со родителите. Ако ве запознае со најважните личности во неговиот живот, може да бидете сигурни дека е луд по вас.

Ви купува интересни подароци

Подарокот не мора да биде скап за целосно да ви одговара. Ако вложи повеќе труд и време смислувајќи подарок, тогаш навистина сте му важни. Бирањето соодветен подарок значи дека слуша и обрнува внимание на она што му го зборувате.

Контакт со очите

Кога се наоѓате во кафуле со пријателите ве бара ли со погледот? Штом ве пронајде ви се насмевнува? Тоа негово однесување покажува дека сака да знаете колку му се допаѓате.

Бара ваша помош

Без разлика дали сака да го слушне вашето мислење за некој негов проблем или недоразбирање на работа или сака да му помогнете за да избере роденденски подарок за некој пријател или роднина, вашето мислење му е важно и го цени вашиот став.

Ги споделува чувствата со вас

Мисли, чувства, омилена храна, непријатни случувања од детството без оглед на тоа за што се работи, тој тоа го споделува со вас.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg