Додајте ги овие 3 состојки и ќе добиете совршена врска

Постојат бесконечен број на книги за самопочитување кои нудат безброј совети за градење на здрава врска, но рецептот е многу поедноставен отколку што си мислите.

dodajte-gi-ovie-3-sostojki-i-kje-dobiete-sovrsena-vrska-1

Овие 3 работи се прогласени како клучни за идеална, здрава, среќна и совршена врска.

Сѐ што треба да направите е да ја зачините врската со:

1. Искреност

Мислите дека малата лага не може никому да наштети? Размислете уште еднаш, бидејќи таа е опасна исто колку и големата лага. Глумење оргазам, лажење дека ви се допаѓа ручекот, одите на пијалак со колегите, а кажувате дека ќе работите до доцна... сите овие ситници лошо ќе се одразат врз вашата врска. Зошто да лажете, кога можете да бидете искрени?

2. Комуникација

Клучната врска во среќната и идеална врска се токму разговорите. Без разлика, дали станува збор за некоја важна животна цел или за ситница, сепак разговарајте и дознајте си ги меѓусебните чувства. Секогаш бидете отворени и подготвени за разговор, но понекогаш не мора да си трошите зборови за да кажете нешто. Невербалната комуникација како масажа, будење со кафе или со галење ја докажувате почитта и љубовта.

3. Посветеност

Постојат безброј начини на кои можете да ја докажете својата посветеност и приврзаност кон саканата личност. Од запознавање со вашите родители, па сѐ до понудата за брак. На почетокот од врската, посветеноста се докажува преку времето одвоено за заеднички активности. Но, како што врската станува подлабока и поинтимна, морате да се жртвувате за да ја докажете својата посветеност, па немојте да се двоумите да им откажете некогаш на пријателите за да бидете со саканата. Верувајте, тие би го направиле истото кога нивната врска би била во прашање.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg