6 знаци кои откриваат: Дали вашиот брак тоне?

Многубројните истражувања врзани за успехот и неуспехот за бракот, неодамна дојдоа до интересен заклучок - постојат 6 клучни знаци кои може да откријат дали вашиот брак е брод кој постојано тоне.

6-znaci-koi-otkrivaat-dali-vasiot-brak-tone-01.jpg

1. Недостаток на интима

Недостатокот на секс постојано укажува на поголеми проблеми кои упорно се кријат, се до моментот на ескалација. Едно е да имате периоди без интимности заради одредени причини, а сосема друго е да го исфрлите сексот од брачниот живот. Тоа е првиот знак кој укажува дека врската се движи во погрешен правец.

2. Тајни

Постои голема разлика помеѓу малите лични тајни и криењето на пораки, допишувањето со бившите или колегите. Личноста која има таква потреба најверојатно е незадоволна во бракот.

3. Цимери

Кога во својот сопруг/својата сопруга гледате цимер со кој го делите само просторот на живеење, врската е во сериозна опасност.

4. Една тема на разговор

Можеби вие не забележавте, но вашите пријатели дефинитивно знаат дека за што ќе зборувате кога ќе се видите - тоа е незадоволството во бракот. Ова е уште еден знак дека бракот тоне и останува само надежта дека имате добри пријатели на кои можете да им го кажете тоа.

5. Изговори

Имате работа која не ја сакате, а без оглед на тоа останувате подолго? Не сакате да се вратите дома, се почесто излегувате, ги обновувате старите и создавате нови пријателства? Тоа е моментот кога треба да се запрашате зошто во тие активности ја нема вашата сакана личност.

6. Заеднички активности

Ако некогаш имавте заеднички интереси, а сега заедно одите само во кревет - размислете на што сте. Обично, кога партнерите ќе се оддалечат и не поминуваат доволно време заедно, се појавува некој нов со свежи и интересни идеи.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg