За поинакво уживање: 6 Секс места кои секоја жена мора да ги испроба
Повеќето двојки практикуваат секс единствено во спалната соба, но зарем не посакувате да излезете и да пробате нешто поинакво?
Сексот е клучен за здрава и среќна врска, а со внесување на новости и промени ќе ја зголемите страста и задоволството.
Експериментирајте и барем еднаш во животот имајте секс на овие места:
1. Секс на кауч
Наместо да одите во спалната соба, останете каде што сте и пробајте секс на вашиот кауч. Ќе се изненадите ако дознаете колку двојки никогаш немале секс на каучот, а истиот може да биде многу забавен. Откако еднаш ќе го пробате, повеќе нема да сакате да се вратите на креветот во спалната соба.
2. Во кујната
Мажите често фантазираат за секс во кујна, па зошто да не го направите тоа? Храната може да биде доста еротска и токму затоа кујната важи за страсно место. Секако, овој секс не треба да биде планиран туку оставете го самиот по себе да се случи.
3. Секс под туш
Има нешто магично во просторијата преполна со пареа и топла вода. Најжешката секс поза за под туш е кучешката позата, но нема да биде лошо и ако ја наполните кадата со вода и запалите миризливи свеќи. Мисионерска поза во кадата ќе ви даде сосема поинаков поглед кон сексот.
4. Во автомобил
Секој маж сака да има секс во својот автомобил и воедно посакува авантуристичка девојка со која ќе ја оствари оваа фантазија. Задното седиште можеби не е удобно како вашиот кревет, но кога ќе започнете со предигра ќе сфатите дека дури ни автомобилот не е за потценување. Самата помисла дека некој можеби ќе ве види и ризикот од тоа да бидете фатени на дело, го прави сексот возбудлив.
5. Секс во базен
Секако дека нема да го направите во јавен базен, но не постои правило за приватен базен во кој можете да се опуштите повеќе со партнерот. И онака на себе веќе имате толку малку облека, па зошто да не се разголите целосно? Оставете ја егзотиката да ве одведе на повисоко ниво.
6. Секс на отворено
Колку повеќе ризик, толку повеќе возбуда. Пронајдете некое напуштено место во или вон градот, тоа може да биде парк, ливада, планина... Кога сексот е интересен, тогаш страста ќе се разгорува во вас уште повеќе, а вашата врска ќе стане подобра во сите погледи.
Кое е вашето возбудливо секс место?