7 видови на врски кои се осудени на пропаст

Некои луѓе се задоволни со самото тоа што имаат момче или девојка и воопшто не им е грижа за иднината на врската.

7-vidovi-na-vrski-osudeni-na-propast-1

Можеби во минатото и вие сте биле во врска за која свесно сте знаеле дека не постои иднина, но понекогаш навиките се тие кои не држат заедно со погрешната личност.

Овие 7 вида на врски се оние во кои не би сакале да се најдете:

1. Премногу допишување

Оваа двојка целото време го поминува во пишување пораки или на социјалните мрежи, а ретко кога поминуваат време заедно. Тие воопшто и не знаат каква боја на очи има нивниот партнер и единствено најдобро функционираат преку технологијата.

2. Очај и зависност

Овие двајца се држат за раце дури и кога одат во кујна да се напијат чаша вода. Тие се потпираат еден на друг и невозможно е да помине ден, а да не бидат заедно. Дури ако се разделени еден час, тие тоа време го поминуваат разговарајќи на телефон.

3. Зависници од социјални мрежи

Овој пар е 24/7 активен на социјалните мрежи, можеби и веќе имаат заеднични фејсбук профил, а доколку немаат наскоро ќе се случи и тоа. Целото време го поминуваат во јавно изразување на љубов, споделување фотографии кои веројатно би требало да останат тајни и пишуваат статуси околу тоа колку обожаваат да се дружат со својот партнер.

4. Љубители на пари

Двојката е заедно, бидејќи едниот од нив има пари. Своите кавги ги расчистуваат со скапи подароци, луксузни патувања и нив љубовта не им е од голема важност.

7-vidovi-na-vrski-osudeni-na-propast-2

5. Луѓе од акција

Не се срамат да ја искажат својата љубов било каде и било кога. Скоро целото време го поминуваат во бакнување, бидејќи немаат теми на кои би можеле да разговараат.

6. Премногу мрзеливи

Ваквите парови немаат никаква иднина, ниту нивната врска има суштина, а што е најлошото ди тие се самите свесни за резултатот кој следи. Тие се премногу мрзеливи за да ја раскинат врската и толку се усогласени еден со друг во мрзеливоста, што по некое време се навикнуваат да бидат мизерни заедно.

7. Топло-ладно

Во ред е да сфатите дека сте згрешиле и да се смирите со поранешната љубов, но оваа двојка раскинува секоја недела. Без разлика колку лоша кавга и да имале или која и да била причината за која се скарале, овие двајца сепак се смируваат и ја продолжуваат својата така наречена врска.

Имате ли и вие да додадете некој ваш пример за врска осудена на пропаст?

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg