Би ја работеле нејзината работа? Оваа жена тестира секс играчки и има 15 оргазми неделно
Еротската блогерка Кара работи во канцеларија преполна со секс играчки и помагала. Таа се занимава со професионално тестирањe и заработува по околу 15.000 фунти годишно.
Интересно е што Кара има по 15 оргазми неделно, а во нејзината канцеларија може да се најдат 2000 играчки кои ги тестира по околу 7 часа неделно.
- И приватно користев секс играчки, па затоа дојдов до идејата да започнам блог на кој би ги оценувала истите. Тоа е одлична работа. Порано работев во банка, но никогаш не би се вратила затоа што таму е премногу досадно. Со тек на времето мојот блог стануваше се попопуларен и тогаш започнаа да ме бараат големи компании кои сакаа да работам за нив, раскажува Кара.
Оваа 33-годишна жена има 2 дечиња и партнер кој го запознала преку сајт на кој се продаваат секс играчки.
- На мојот партнер не му пречи мојата работа, ниту ја гледа како опасност за нашиот сексуален живот. Ние сметаме дека секс играчките може само да го зачинат нашиот секс, но никогаш да го заменат. Кога треба да тестирам играчки за мажи, тој ми помага. Тоа сега е дел од нашиот живот, заклучува Кара.