Искусни совети: Знаци кои покажуваат дека не сте му важни

Без разлика дали се работи за сериозна врска или само за забава, секоја девојка ја има дилемата за тоа дали му значи доволно на момчето, дали е нешто минливо или нешто поважно.

iskusni-soveti-znaci-koi-pokazuvaat-deka-ne-ste-mu-vazn-01

Секоја се обидува на свој начин да ги толкува неговите знаци и зборови, со цел да открие нешто потајно и да ја прочита пораката со која ќе добијат некоја сигурност дека тој е вистинскиот или дека токму таа е избраната.

Некои момци споделуваат дел од своето искуство и своите размислувања кои се генерално универзални и точни за повеќето мажи и се знаци кои покажуваат дека сепак, некоја девојка е само за забава.

Доколку ги препознаете некои од овие ситуации веројатно треба да размислите дали да продолжите понатаму:

- Ако за околу еден месец не запознаете ниеден негов пријателм тогаш сигурно не планира сериозна врска. Тоа е знак дека сте минлива девојка.

- Доколку никогаш не сака да се видите за време на викенд и смета дека тоа е време само за другарите, тогаш не можете да сметате на него.

iskusni-soveti-znaci-koi-pokazuvaat-deka-ne-ste-mu-vazn-1

- Забележете колку често го гледа мобилниот. Ако е заинтересиран за вас, нема ни да го извади од џеб, освен ако не му ѕвони. Доколку не е заинтересиран, постојано ќе го проверува и ќе чека да заврши состанокот.

- Ако уште на првиот состанок ја спомне поранешната девојка или болното раскинување, покажува дека сè уште има чувства за неа или дека не може да ја прифати ситуацијата, а уште помалку да почне нешто ново и сериозно со вас.

- Во однос на местото за илегување, за оние девојки што се заинтересирани постојано се трудат да ги импресионираат со некое ново место. Додека, пак, оние девојки за кои не се заинтересирани ги носат на исти места додека не им се досади.

- Доколку не ѝ се јават на девојката за 3-4 дена, туку дури по една недела или десет дена, значи дека не му е важно или дека ја бара само кога му е досадно. Доколку некоја девојка им се допаѓа, го користат уште првиот момент и не глумат недостижни.

- Кога момчето излегува со девојката неколку пати, но никако не ја бакнува или не покажува поголем интерес, тоа значи дека има уште некоја од страна и дека сè уште се двоуми. Но, тоа не би траело кратко, секако мора да се одлучи.

iskusni-soveti-znaci-koi-pokazuvaat-deka-ne-ste-mu-vazn-2

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg