Фантастична секс-вест: Пристигнува кондом кој го убива ХИВ вирусот
За само неколку месеци, секоја сексуално активна личност ќе може да оди до аптека и да купи кондом кој ќе ја заштити од непланираната бременост, но и од полно преносливите болести во кои спаѓа и ХИВ вирусот.
Австралиската биотехнолошка компанија StarPharma го создаде кондомот на иднината!
Се работи за VivaGel презерватив премачкан со лубрикант кој е 99,9 проценти ефикасен против ХИВ вирусот и неколку видови интимни бактерии, инфекции и болести.
Секој VivaGel кондом е премачкан со не-антибиотски лек со антимикробно својство, посебно дизајниран да се бори против сите вируси, вбројувајќи го и ХИВ вирусот.
Ова е првата контрацепција која истовремено штити од несаканата бременост и полно преносливите болести.
Овој тип на заштита би требало да се појави во продажба за неколку месеци, но цената сè уште е непозната.