Кога е време да се извините...

koga-e-vreme-da-se-izvinite-povekjeАко го навредите партнерот, а сметате дека не сте кажале ништо погрешно и верувате дека сте во право - немојте да вртите глава и да мислите дека...

 

...немате за што да се извините.

Двете страни можат да имаат потполно логична и разумна причина за својата реакција и затоа и двајцата може да сте во право!

За да ја отстраните оддалеченоста која настанала по караницата најлесно и најдобро е да се извините. Направете го тоа кога сте сами со партнерот и избегнувајте извинување по телефон или СМС. Извинете се еднаш, но нека биде искрено.

Најдобри начини за извинување:

1. Конкретни, јасниkoga-e-vreme-da-se-izvinite
Кога се извинувате држете се до моменталниот проблем. Не споменувајте минати работи и не се извинувајте за се што сте згрешиле во минатото. Така само губите и добивате уште минуси.

2. Само извинување од срце
Немојте да се извинувате само затоа што мислите дека треба. Размислете зошто ќе го кажете тоа и кажете го од срце и искрено. Извинувањето е вистинско само доколку навистина го мислите она што ќе го кажете.

3. Соодветно извинување
Немојте да молите за прошка на колена. Тоа е резервирано само за тешки престапи како изневерување, а тогаш ќе треба да се извинувате малку подолго, поопширно и аргументирано.

Како да прифатите извинување?

1. Казна со молчење не е во ред
На оној кој се извинува најлоша реакција е кога сте ладни. Ако сте лути покажете лутина и кажете што мислите, но немојте никогаш да го казнувате партнерот со молчење. Тоа не го заслужува никој.

2. Повеќе страни
Размислете дали носите и вие кривица за реакцијата на партнерот и караницата. Пробајте да разберете што го навело на таква реакција. Така подобро ќе го разберете проблемот и ќе се смирите.

3. Заблагодарете се и продолжете понатаму
По извинувањето немојте повторно да разговарате за проблемот. Едноставно речете “фала“, “во ред е, го решивме“ и поминете преку тоа.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg