15 мали работи кои привлечните девојки ги прават поинаку

Едно момче на својот блог решило да објави неколку универзални правила и разлики помеѓу обичните и привлечните девојки. Секогаш постојат такви девојки кои имаат предност пред другите. Не е сè само во изгледот.

15-mali-raboti-koi-privlecnite-devojki-gi-pravat-poinaku-01

Она со што може да го освоите некого може да биде ситница која не ја ни забележувате. Од друга страна, може да се пронајдете во спротивностите, па да воочите каде грешите и што да направите.

Ова се 15 правила со кои секоја девојка би можела да го освои секое момче:

1. Посреќни се

Има разлика помеѓу обичните и атрактивните, привлечни девојки. Привлечните девојки се посреќни и тоа се гледа. Возбудени се, се радуваат кога ќе се сретнат со некого, сакаат да зборуваат и постојано да прават нешто. Има нешто во нивната појава, што кај другите девојки го нема. Покрај сите досадни луѓе кои ги среќавате во текот на денот, овие девојки се вистинско освежување.

2. Не се жалат за своето тело

Ако некое момче е со вас, значи дека му се допаѓате. Не мора постојано да го прашувате за мислење како изгледа вашето тело. Ниедно момче не очекува да бидете совршена барбика. Токму малите несовршености, прават да изгледате реално и вистински. Девојките кои не се жалат од своето тело и не препрашуваат се многу попривлечни од останатите.

3. Тие носат фустанчиња

Фустанчињата секогаш изгледаат поатрактивно и попривлечно отколку која било друга комбинација со панталони. Тие прават да се чувствуваме среќно и заведено и да ве гледаме како што маж треба да гледа девојка.

4. Љубезни се

Нема побрз начин за да сфатиш какво ниво на култура има еден човек и што да очекувате во иднина, од неговата култура, преку тоа како се однесува кон келнерите или персоналот на местото каде што се наоѓате.

5. Никогаш не зборуваат за бившите

Знам дека денес девојките имаат многу повеќе момчиња за разлика од минатото. Но, девојките кои се привлечни се оние кои избегнуваат да зборуваат за своите бивши. Се преправаат како да не постоеле. Навистина не ме интересира кои биле и какви биле, ниту сакам да знам дека сум последен кој ѝ преостанал.

6. Тие прават момчето да се чувствува посебно покрај нив

Знам многу момчиња кои зборуваат како девојките секогаш доцнат и тоа им пречи. Јас сметам дека кога доцнат тоа е затоа што се подготвуваат да ме импресионираат и тоа прави да се чувствувам посебно.

7. Тие дозволуваат да ги водиш

Привлечните девојки дозволуваат да ги водиш. Тоа не значи дека тие се слаби и несигурни, туку доволно женствени. Нема потреба да се создава натпревар кој во што е подобар, туку двајцата треба да се надополнуваат.

8. Активни се во креветот

Може да бидете и најдобрата девојка на светот, но сексот е многу важен дел од врската. Затоа, ако не се покажете во тој дел, врската може да нема иднина. Мора да бидете активни и во креветот, а не само да чекате на момчето да ве импресионира.

9. Тие не се окупирани со работата

Добро е девојките да имаат своја кариера, да се успешни и да заработуваат самостојно. Но, тоа не значи никако дека треба постојано да се насочени само кон бизнисот. Никој не сака на средбата после работа, повторно да зборува за работа.

10. Готват

Со оглед на брзото темпо на живот, сите јадат некоја брза храна или во некој ресторан. Затоа девојка која знае да зготви здрава храна секогаш е попривлечна и има предност пред другите.

11. Тие знаат да ве сослушаат и советуваат

Повеќето девојки ако за нешто им се доверите ќе ви ги кажат сите можни совети, ќе ви направат план за секој проблем и нема да ве остават додека не го дознаат крајниот резултат. За разлика од нив попривлечни се девојките кои знаат докрај да ве сослушаат, да ве прашаат за ваше мислење, да ве посоветуваат и да ве остават да одлучите.

12. Згодни се

Не мора да бидат спортски професионалци или да имаат стомачни мускули, но одржувањето на формата на телото и затегнатата кожа ги прави девојките попривлечни.

13. Пијат умрено

Девојките кои секој викенд се пијани, воопшто не изгледаат привлечно и атрактивно. Уште помалку за да сакате да бидете во врска со нив. Во ред е и девојката да пие, но за да биде привлечна и за оние што ја знаат и за оние што не ја знаат, треба да биде умерена.

14. Знаат да ги чуваат заедничките тајни

Познато е дека девојките си кажуваат сè, но секако би нè воодушевила девојка која знае да ги чува заедничките тајни и не раскажува на сите за нашите љубовни проблеми.

15. Привлечните девојки не сфаќаат сè премногу сериозно

Ако нешто не е како што треба, тие знаат да се насмеат и да направат шега од истото. Не може да се опише колку е важна оваа карактеристика кај девојките. Никој не би сакал да го помине животот со некоја што е постојано напната, под стрес и во паника. Многу попривлечна е девојка која е опуштена, релаксирана и со која може да уживате или која не ги сфаќа сите работи премногу сериозно.

15-mali-raboti-koi-privlecnite-devojki-gi-pravat-poinaku-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg