Секс под туш: Очекувања и реалност

Теоретски гледано сексот под туш звучи совршено, но во праксата работите се многу поинакви.

seks-pod-tus-realnost-i-ocekuvanja-1-

До сега холивудските филмови ни покажуваа колку страсно изгледа сексот под туш, но оние кои поминале низ ова искуство веројатно се свесни дека тоа ни малку не изгледа како на филм.

Сценариото под туш можеби на многумина им е секс сценарио од соништата, но ајде да се разбудиме и да видиме како тоа би изгледало во реалниот живот:

Очекувања:

После напорниот работен ден, вашата поубава половина влегува во бањата за да се релаксира. По кратко време влегувате и вие. Ја прашувате дали смеете да и се придружите, а таа возбудено ве повлекува.

Реалност:

Влегувате во бањата, а вашата партнерка е при крај со туширањето. Ве погледнува и ви вели: Добро, влези.

Очекувања:

Бањата е мала, но сепак имате доволно простор да го истражите секој дел од нејзиното тело.

Реалност:

Да, бањата е премала што во секој момент можете да си ги  удрите лактите, главата, ногата... Потоа веќе не ви е до секс.

Очекувања:

Ќе ја подигнете партнерката и ќе ја прилепите за ѕид и така ќе имате секс во бањата.

Реалност:

Дали некогаш сте се обиделе во фитнес центар да кренете тег во тежина од 50 килограми? ( да речеме дека вашата партнерка тежи толку). Со сигурност нема да издржите ни повеќе од минута со оглед на фактот дека ќе се изморите и вашето дишење ќе стане отежнато од пареата во бањата.

Очекувања:

Орално ќе ве задоволи под тушот.

Реалност:

Голема е веројатноста таа да се лизне и бидете среќни ако при лизгањето таа не се задржи за она што и е пред очи.

Очекувања:

Не ви треба лубрикант, бидејќи таа е влажна, а и водата под тушот ќе ви помогне.

Реалност:

Огромна грешка! Водата не е лубрикант, но и влажноста кај девојката може да исчезне поради водата од тушот.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg