Откријте кое овошје доведува до сигурен оргазам
За нив се знаеше дека го олеснуваат варењето и го намалуваат апетитот, но сега дојде до ново откритие. Според најновите изјави на гинеколозите, јаболкото е одличен афродизијак.
Истражувањето било спроведено врз 730 жени на возраст од 18 до 43 години. Тие биле поделени во 2 групи - првата имала за задача да консумира по 1 јаболко дневно, а другата група жени консумирале јаболка многу ретко.
По извесен период во кој се следеле прехранбените и сексуални навики, првата група на жени имале зголемено либидо и поголемо сексуално задоволство.
Во што е тајната? Јаболкото во себе содржи флавоноиди кои ја забрзуваат циркулацијата на крвта, а истовремено делува и како лубрикант.
Јаболкото делува така што создава одлични предуслови за добар секс, па стручните лица на жените им препорачуваат минимум едно јаболко дневно.