Состанок на слепо? Овие совети ќе ви бидат од голема помош
Кога некој ќе ви спомене да одите на состанок на слепо сигурно низ мислите ви се вртат најразлични сценарија, кои често ги замислувате со трагичен, несреќен крај.
Но, тоа не секогаш значи дека ќе биде така. Многу состаноци на слепо прераснале во долги, здрави врски, а често и во брак.
Некогаш состаноците на слепо знаат навистина да бидат трагични и сигурно барем еднаш во животот сте го искусиле тој момент. Но сѐ зависи од тоа колку добро се поклопувате со личноста и си одговарате со партнерот/партнерката со кој/а сте отишле на ваков состанок.
Не можеме да бидеме целосно подготвени за овие состаноци, но она што можеме е да имаме во предвид барем некои работи кои ќе ни помогнат повеќе да се забавуваме, а помалку да размислуваме.
Следете ги овие совети и прифатете состанок на слепо:
1. Очекувања
Состаноците на слепо поседуваат авантуристички дух, запознавате нови луѓе, се дружите...Но што е со очекувањата? Сигурно во текот на подготовките за овој состанок си замислувате каква е личноста, како изгледа, каква боја и е косата, очите, што прави, но често умееме да отидеме предалеку и да очекуваме премногу.
Некогаш сретнуваме луѓе кои ни се допаѓаат, а некогаш некои кои воопшто не ни се допаѓаат. Затоа најдобро е да не очекувате премногу, така нема да се изненадите доколку се случи личноста што ќе ја сретнете да не ви се допадне. Гледајте на овие состаноци како еден вид на социјализација со други луѓе.
2. Опуштено
Полесно е да се каже, отколку да се направи, зар не? Особено ако девојката или момчето со кое штотуку сте се запознале е згодно и симпатично, тогаш секако дека не можете да се опуштите.
Запомнете, личноста со која се запознавате не е таму за да ве осудува, туку за да пронајде некој кој ќе и се допадне. Штом и двајцата сте одлучиле да излезете на состанок на слепо, сигурно ќе најдете заеднички теми. Нема потреба од трема.
3. Справете се со молчеливите
Може да наидете на личност која или премногу се срами да зборува или пак не е по зборувањето. Ако вие сте зборлива личност, тоа нема да ви биде проблем. Поставувајте повеќе прашања, зборувајте за забавни теми, прашајте го/ја каде излегува...Зад таа срамежлива и молчелива личност со сигурност се крие многу забава.
4. Обрнете внимание
Некои луѓе кога е нервозни премногу зборуваат, дури и не внимаваат што кажуваат. Не бидете и вие помеѓу нив и однапред размислете што да одговорите кога ќе бидете прашани.
Дозволете му и на вашиот соговорник да каже нешто, а вие внимавајте и следете го кога зборува. Во спротивно ќе ве смета за здодевен соговорник и нема да ве почитува.
5. Не судете премногу брзо
Не можете да знаете личност само од прво гледање, па затоа стрпете се и доколку ви се допаѓа не ја отфрлајте веднаш туку дадете и повеќе шанси. Можеби на почетокот се чувствувате чудно, но со текот на времето ќе се релаксирате и ќе се чувствувате одлично кога ќе излезете заедно.
6. Забавувајте се
Покрај се, не заборавајте на забавата туку заборавете на сериозноста. Секоја личност во вашиот живот е едно ново искуство, затоа ослободете се и уживајте во вашиот состанок на слепо.
Споделете со нас и некое ваше искуство во коментарите...