Хороскопски несовршености

horoskopski-nesovrsenosti-povekjeОгнените знаци се страстни, земјените стабилни и сензуални, воздушните се интелигентни и енергични, а водените особено емотивни. Но...

 

..., меѓу сите карактеристики на знаците се наоѓаат и помалку совршените, односно непожелните и иритантни особини. Ова се карактеристики што можеби добро служат во секојдневниот живот, но предизвикуваат проблеми во љубовните врски. Прочитајте кои се вашите, а кои на вашиот партнер и обидете се да ги промените во име на похармоничен љубовен живот.


Овенот треба да научи дека не секоја мисла што ќе му прелета низ глава треба да биде изговорена. Овој знак умее да го скрши духот на партнерот со отровни зборови, без да забележи колку болка предизвикува нивната потреба да бидат „газди“ во врската. Запомнете дека партнерот треба да биде крај вас, а не да трчка за да ве стигне или да биде невнимателно оставен одзади.

Бикот може да биде толку тврдоглав што не може да направи ни најмал компромис. Понекогаш кога се во врска толку се занесени околу своите потреби и идеи, што подзабораваат дека воопшто имаат партнер. Од време на време, застанете и вдишете длабоко за да ја забележите љубовта околу вас.

Близнаците размислуваат со брзина на светлината, но имаат проблем да се изразат кога треба да разговараат за своите емотивни потреби. Бидејќи сигурно не сте во врска со некој што чита мисли, треба да ризикувате и да го побарате она што ви треба и да му кажете на партнерот што ве плаши.

Ракот може да држи лутина неверојатно долго време. Припадниците на овој знак имаат нежно срце, но си го комплицираат животот, како и врската, со тоа што дозволуваат да се навредат од најмалата ситница. Разведрете се! Простувањето е многу полесно кога ќе сфатите дека оној што ве сака не ве повредил намерно.

Лавот сјае блескаво како сонцето, но Лавовите понекогаш треба да сфатат дека не секогаш се центарот на светот. Препознајте го моментот кога вашето его неконтролирано се шири и запрете пред да станете неподносливи.

Девицата е знак кој буквално може да се самоуништи со грижи. Она што треба да го сфатат е дека кога се под стрес нивната загриженост ја искажуваат како моќно и болно критикување. Нежните Девици не ја препознаваат сопствената сила. Малку себеиспитување и воздржаност ќе им помогнат да ги намалат омаловажувачките критики и поплаки.

Вагата верува дека сè може да се избалансира, но додека да го постигне тоа може да биде нарцисоидна и да ја наруши рамнотежата. Следниот пат кога мислите дека партнерот бара премногу од вас или дека не може да го сфатите, обидете се да ја разгледате ситуацијата од аспект на „нас“, а не на „мене“. Сторете го ова и ќе ја добиете посакуваната рамнотежа.

Скорпијата сака да ги контролира нештата, а во врска е вистински мајстор на тивката манипулација. Скориите сакаат да победуваат, но кога се во врска треба да се запрашаат дали ги привлекува само играта или вистинската награда е освојување на срцето на партнерот.

Стрелецот треба да сфати дека неговите вечни немир и нетрпеливост се лични проблеми, а не проблеми во врската. Штом ве избрал, вашиот партнер ги сака вашиот слободен дух и независност, но исто така сакаат да почувствуваат дека се дел од
вашиот живот. Ако сакате љубовта да трае треба да сфатите дека одговорноста што ја носи секоја врска не е еднаква со ограничување, но мора да вклучува партнерство.

Јарецот може да верува дека секогаш е во право, но треба да бидат отворени да прифатат дека партнерот има право да не се согласи со нив. Ако сте несигурен Јарец потребно е да сфатите дека зависноста и потчинетоста во врската не даваат вечна сигурност во љубовта.

Независноста на Водолијата понекогаш е тешко да се разбере, па ако сте Водолија, објаснете му ја на партнерот. Не е срамота да се гордеете со некои свои ексцентрични однесувања и очекувања, но додека вие се обидувате да се заштитите од повреда, другите ве доживуваат како ладни и резервирани. Можеби не ви е лесно да му верувате на партнерот, но да не му верувате ќе биде уште поболно за вас.

Рибите често ги изедначуваат сожалувањето и вниманието и грижењето за партнерот, и се дефинираат според теретот што го носат со себе. Риби, внимавајте да не го изгубите партнерот поради премногу драма! Кога сте депресивни имате способност да го повлечете и партнерот во длабочините на очајот. Понекогаш најдоброто што треба да го научите е да преголтате нешто или да се откажете.


Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg