Прашања за почеток на врска
Пред да се приврзете со личноста што сте ја запознале, прашајте ги следните 5 прашања за кои авторот на Act like a Lady, Think like a man...
... вели дека се задолжителни.
Ние би го дополниле и би рекле дека важат за двата пола. Формулирајте ги како сакате, но важно е да дојдете до поентата.
1. Кои се неговите краткорочни цели?
Ова може да го прашате уште на првиот состанок. Добро е за да знаете на што работи во моментов, така ќе откриете колку време ќе има за вас, како го минува останатото свое време и дали неговите погледни на свет се совпаѓаат со вашите. Слушајте внимателно и бидете мудри.
2. Кои се неговите долгорочни цели?
Секој човек треба да има план. Неговиот одговор треба да биде различен од претходниот. Ова е важно за да размислите дали сакате да бидете дел од тој план, па да дозволите врската да се развива.
3. Какви се неговите погледни кон врските?
Не само љубовните, туку и пријателските, семејните... Можеби има проблематичен однос со мајка му во кој не би сакале да се вплеткате.
Сепак, иако жените најмногу се плашат од нападна свекрва, пострашно е кога партнерот не ја сака сопствената мајка, или кога нема никаков однос кон неа.
Да не си ја сакате својата мајка, најчесто значи дека сте неспособни за љубов.
4. Што мисли за тебе?
Внимателно слушнете го одговорот на ова прашање. Може да ви открие многу за тоа каков впечаток оставате.
5. Што чувствува за тебе?
Откако ќе добиете одговор на четвртото прашање, веднаш поставете го и петтото. Многу често што мисли и што чувствува за вас се две различни нешта.