6 креативни промени на популарните секс пози
Она што најчесто можете да го чуете од паровите е дека со текот на времето сексот им станува здодевен.
Сексот, после некое време може да изгледа какo вообичаена рутина, но ако и вие сакате да ја избегнете оваа критична точка време е за едни поинакви промени.
1. Доги на лакти
Кај традиционалната доги поза, жената се потпира на своите дланки, но сега пробајте наместо на дланките да се потпрете на лакти. Ова дополнување на аголот ќе ви пружи еден сосема поинаков ефект, а и вашиот партнер повеќе ќе ужива.
2. Доги со шал
Седнете на вашите колена, а со дланките само потпрете се на подот. Вашиот партнер нека ви заврзе шал или каиш на колковите односно половината и нежно нека ве повлекува накај себе. Со брзина која заеднички ќе ја одредите, вашиот партнер ќе се чувствува доминантен, а целата атмосфера ќе станува се по жешка.
3. Поинаква мисионерска поза
Во традиционалната мисионерска поза мажот е измеѓу нозете на жената. Но овој пат направете поинаку и наместо да ги раширите нозете, испружете ги низ неговите.
4. Жената одозгора, но свртена со грб
Ова е уште една верзија или дополнување на позите каде жената е одозгора, но овој пат таа е свртена со грбот наспроти мажот. Неговите нозе треба да бидат подвиткани, а вие седнете врз него. Така ќе имате доминација врз движењето и брзината.
5. Жената одозгора и бочно свртена
Наместо да бидете со лицето свртени кон партнерот, свртете се бочно и дајте му еден поглед кон целиот ваш профил. За да задржите рамнотежа, потпрете се наназад со рацете покрај него.
6. Мисионерска со јога движења
Без разлика дали сте експерт во јогата или само што сте почнале да тренирате, кога ќе вклучите некоја поза во сексот добивате едно поинакво доживување и искуство. Применете ја позата во која мажот е одозгора и дава еден попријатен ефект.
Наместо да ги раширите нозете, фатете ги зад колената и повлечете ги накај вашиот стомак и дури потоа благо раширете ги. Оваа поза го релаксира долниот дел од вашиот грб и ви го опушта телото.