Добра интимна комуникација

Ако имате проблем да комуницирате со партнерот послушајте ги советите на д-р Дејвид Брнс, кој го разви методот наречен когнитивна...

... интерперсонална терапија.

За секој проблем има посебен пристап што ќе ви помогне безболно да ги преживеете и надминете недоразбирањата. Најважно е да запомните дека со обвинување на другиот никаде нема да стигнете.

Партнерот не сака да зборува

Најчесто молчи оној кој е лут и сака да докаже дека тој е во право. Наместо само да прашате „Зошто не ми зборуваш?“, кажете нешто со што ќе покажете дека превземате дел од вината како „Забележав дека не сакаш да зборуваш, па се плашам дека можеби не сум те сослушал/а добро минатиот пат“ или „Жал ми е ако те прекинував кога се обиде да ми кажеш нешто“.

Ако не го напаѓате, на партнерот ќе му биде полесно да ви се отвори и да каже што мисли.dobra-intimna-komunikacija1

Партнерот ве критикува

Обидете се секоја критика на партнерот да ја претворите во основа за разговор, а не за бесна караница. Ако ви замери дека не му обрнувате доволно внимание, наместо да вреснете „А ти мене?“, кажете „Веројатно е така во последно време, но знаејќи колку те сакам, обиди се да сфатиш дека имав премногу работа и можеби во овој период ненамерно сум те занемарил“.

И двајцата сакате подобра комуникација

Пробајте ја едноминутната вежба. Едниот е Зборувач, а другиот Слушач. Зборвачот кажува што го мачи 30 секунди, а Слушачот внимателно го следи неговото обраќање без да го прекине и без да покаже дали се согласува или не.

Поентата е да ги подобрите вештините за разговарање, односно слушање на соговорникот. По неговите 30 секунди, вие го сумирате он апто го кажал, а партнерот ве оценува од 1 до 100 проценти, во зависност колку точно сте го разбрале. Ако ве оцени под 95% треба да укаже на сè што сте пропуштиле или погрешно сте сфатиле, а потоа ги менувате улогите.

Иако може да ви изгледа смешна, оваа вежба за многу кусо време ја подобрува комуникацијата.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg