Препознајте го женкарот во друштво
Некои момци најмногу од сè сакаат да флертуваат и да ги освојуваат девојките. Кога тоа ќе се случи, вртат грб и одат понатаму во нова авантура. Не дозволувајте да паднете во нивната замка.
Постојат фраери кои жените ги доживуваат како жртви на лов и подготвени се да трчаат по нив сè додека не ги освојат. После тоа многу брзо губат интерес и се вртат кон нови предизвици, односно кон нови жени.
Сепак, секоја дама која држи до себе не смее да дозволи да падне во неговата стапица. Токму поради тоа треба да бидете свесни за знаците кои оддалеку укажуваат дека си имате работа, токму со еден таков женкар.
Совршен е
Кај повеќето момци може да пронајдете барем една маана кога разговарате првпат со нив. Но, ловецот на жени е стручен во својата работа и знае како да се претстави совршено. Девојките тоа не го забележуваат, па дури и помислуваат дека навистина го нашле вистинскиот – барем до следното утро.
Го користи допирот како главно оружје
Вам можеби ви се чини дека случајно ви го допрел коленото или раката додека се посегнува по чашата, а кога ќе ве фати околу струкот за да помине, нема ни да помислите дека тоа е дел од неговата стратегија. Повеќето момци на почетокот се малку посрамежливи и повоздржани, но оној кој тоа го прави слободно, веројатно толку често го применува што му е сосем нормално.
Слуша што зборувате
Звучи совршено, нели? Не дека не сте интересни, но секој ловец на девојки знае дека најдобар начин за да ве импресионира е ако ве остави да зборувате за себе. Така, тој ќе ги има сите информации кои му се потребни за вас, а вие нема ништо да знаете за него. Совршено за бегство кога ќе му биде потребно.
Впечатлив е
Ловците на девојки се секогаш впечатливи во друштвото. Некој од нив имаат смешна вратоврска, која привлекува погледи, некои ќе одберат интересен шешир, а некои едноставно ќе бидат гласни. Женкарот често е камуфлиран како симпатичното момче во друштвото, а престанува да биде симпатичен штом сфати дека ве има.
Ве игнорира
Нормалното момче разговара со девојката која му се допаѓа и ѝ покажува дека му се допаѓа. Женкарот ја игнорира меѓу нејзините другарки, разговара со сите, освен со неа. Со тоа бара реакција од нејзина страна, а кога ќе ја добие знае дека е на вистинскиот пат.