7 интересни факти за женската мастурбација
Тема која можеби е вечно табу, но многу истражувања покажуваат дека жените мастурбираат барем еднаш неделно, без оглед на расата, годините и сексуалната ориентација.
Во едно истражување учествувале 20 жени кои ги откриле овие 7 интересни факти за женската мастурбација:
1. Сите жени мастурбираат
Сите 20 жени кои учествувале го потврдиле ова. Некои мастурбираат барем еднаш во неделата, а некои од нив речиси секој ден.
2. Речиси сите жени користат играчки
Дури 18 од 20-те жени изјавиле дека некогаш во животот користеле играчки, независно дали сами или со партнерот.
3. Секоја жена има различен пристап, но ист почеток
И покрај тоа што секоја жена изјавила дека сака различни експерименти, сите започнале со стимулација на клиторисот. Што значи, не постои „нормална“ мастурбација, туку онаква каква ви одговара.
4. Понекогаш, оргазмот е тежок
Жените признале дека не секогаш го достигнуваат врвот, а често пати тоа знае да биде фрустрирачки. Затоа жените кои мастурбираат не ги криват партнерите за неуспешниот сексуален обид.
5. Некои жени мислат дека мажите почесто мастурбираат
Неколку жени кои учествувале во истражувањето отворено изјавиле дека се убедени дека мажите го прават тоа почесто. Некои дури и признале дека почесто мастурбираат во присуство на партнерот, отколку сами.
6. Не им се потребни посебни подготовки
Многу од жените признале дека го прават тоа заради опуштање и релаксација, а не заради тоа што имаат огромна потреба. Покрај тоа, не им се потребни никакви подготовки за овој чин.
7. Го подобрува расположението
Жени во главно мастурбираат за да го почувствуваат своето тело. Покрај тоа, самото истражување носи чувство на задоволство и радост.