Кога љубовта е посилна од сè...
Нема ништо посилно од тоа кога љубовта е вистинска. Тогаш нема нешто што може да ја запре. Поголема е од сè, па дури и од судбината. Таа не познава разлики, предрасуди, убавина, здравје или болест. Посилна и подлабока е од тоа.
Тоа е љубовта што поврзува две души во нивната суштина, а не во нивната површност. Поврзува животни приказни кои создаваат роман на животот.
Една таква љубов ги поврзува Иан и Лариса. Ако ги видите фотографиите од пред неколку години и ја слушнете типичната студентска љубовна приказна, ќе помислите дека се само едни од многуте. Но, не се одвива сè по класичното сценарио.
Додека биле заедно на колеџ имале 10 месечна врска во која се забавувале, лудувале, се дружеле и се сакале. Иан работел дополнителна работа за да може да се издржува. Една вечер доживеал несреќа која оставила страшни последици на него. Тој останал парализиран за цел живот. Оттогаш сè се променило, освен нивната љубов.
Во тешкиот период на неговото закрепнување Лариса во ниеден момент не го напуштила. Иан не можел ниту да се движи, ниту да зборува, но тоа не ја двоумело за да го остави. Не знаела каков ќе биде нивниот живот понатаму, но она за што била сигурна е дека и двајцата се сакаат безусловно. Затоа одлучиле и да се венчаат.
Оттогаш речиси сè прават заедно. Додека Лариса подготвува појадок, тој во количка седи до неа, заедно одат на пикник, ги собираат пријателите дома, секојдневно запишуваат пораки и мисли или работи кои Иан повторно научил да ги прави на нивниот ѕид на среќата. Внимаваат на сите детали и се трудат да си го исполнат животот со убавина и насмевки.
После 3 години, иако малкумина верувале дека ќе успеат, тие се вистински доказ дека кога љубовта е вистинска победува сè!
Иан може да оди, неколкупати биле на летен одмор, нејасно зборува, но се труди да ѝ каже на Лариса колку ја сака и колку е вљубен во неа. Успеале и заедно да напишат книга во која ја раскажуваат најмоќната љубовна приказна.
Видео кое можеби ќе ве расплаче, можеби ќе ве насмее и ќе ви ја врати вербата дека најважно е вистински и искрено да сакате. Само тогаш може да победите сè па дури и несреќната судбина!
Погледнете го видеото со најубавите моменти од нивниот живот!