Како сончевото време влијае на вашиот љубовен живот?

Сонцето и убавото време се една од причините за позитивно расположение. Можноста за почести излегувања и дружење со различни луѓе е само една добра причина  поради која му се радуваме на сонцето. Неговото влијание на вашиот љубовен живот може да биде неверојатно.

kako-ubavoto-vreme-vlijae-na-vasiot-ljuboven-zivot-01

На сонце изгледате попривлечно

Општоприфатено мислење е дека луѓето изгледаат поубаво и поатрактивно на сонце, со златест сјај на телото, свежи и насмеани, за разлика од сувата коса и испуканата кожа во зимата. Сјајот, насмевката и позитивната енергија само го дополнуваат комплетниот изглед.

Дали сонцето е афродизијак?

Посебна причина да бидете активни кога се во прашање состаноците е тоа што летото го зголемува либидото. Особено кај мажите. Жените, пак, се поопуштени и полесно стапуваат во контакт или дозволуваат да им пријдете.

kako-ubavoto-vreme-vlijae-na-vasiot-ljuboven-zivot-1

Сонцето ги зголемува шансите да запознаете некого

Штом е убаво и сончево времето, ве привлекува почесто да излегувате, а со тоа има и повеќе можности да запознаете некого. Според многу спроведени студии се потврдило дека луѓето почесто водат љубов кога е топло и сончево, токму заради тоа што се опкружени со многу луѓе кои се расположени и опуштени.

Повеќе риби во морето

Фејсбук секогаш знае кога се вљубуваме, па така врз основа на собраните податоци нивниот тим открива дека најмногу раскинувања има во периодот меѓу мај и јули. Притисокот кој се наметнува за време на сè почестите излегувања и дружења, запознавањето нови луѓе претставува опасност за некои врски. Истовремено претставува одлична можност за започнување нова врска.

Според многуте истражувања топлото сончево време , пролетта и летото се периоди кога е дозволено да откачиме и да бидеме подготвени за запознавање нови луѓе.

Излегувајте постојано и со сите, не знаете што може да се случи. Прифатете ги понудите за кафе, дружење, излегување и покажете му ја насмевката на светот.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg