Каде да ве бакнува?
За да бидете среќни и исполнети во врската или бракот, многу е важно вашите најскриени желби да бидат задоволени. Затоа, не срамете се да му...
...покажете на партнерот што сакате во креветот. Погледнете кои ерогени зони вашиот сакан не смее да ги заобиколи во љубовната игра доколку сака да ве доведе до оргазам.
Градите - Бакнежите на градите дефинитивно ќе ве доведат до задоволство. Овие бакнежи треба да бидат сензуални затоа што навистина возбудуваат.
Колковите - Тие се многу важна ерогена зона и за мажите и за жените. На жените најмногу им се допаѓаат нежни допири со усните на овој дел од телото, бидејќи тоа е многу чувствителна зона.
Колената - Можеби до сега не ви паднало на памет да инсистирате од вашиот партнер да ве бакне во пределот на колената. Тоа ви е голема грешка, затоа што бакнежите на овој дел од телото претставуваат вистинско уживање. Со оваа нежност можете да започнете многу бурен интимен чин.
Стапалата - Се идеални за милување. Само еден бакнеж на овој дел од телото е доволен за да ги разбуди вашите најскриени фантазии. Објаснете му на партнерот да ве бакнува нежно по целите стапала и многу брзо ќе забележите резултати.
Вратот - Е идеално место за бакнежи бидејќи е еден од најчувствителните делови од телото. Назначете му на партнерот да ги навлажни усните и да не се задржува на едно место подолго од неколку секунди. Многу е важно и темпото - на почетокот нека биде нежно, а подоцна се пострастни и пострастни.
Надлактицата - Внатрешната страна на надлактицата е место каде има бројни нервни завршетоци па затоа и претставува многу важна ерогена зона.
Бутовите - За да доживеете оргазам, насочете го партнерот нежно да ве бакнува по внатрешната страна на бутовите така што нема да се задржи долго на едно место. Бидејќи овој дел е чувствителен партнерот може да ја започне и преку облека.