Катастрофални љубовни состаноци кои сите ги имаат поминато

Секој од нас има одреден број на катастрофални љубовни состаноци, кои можеби денес ви предизвикуваат смеа кога ќе се потсетите. Овие хаотични љубовни состаноци, се ништо помалку туку резултат на погрешно донесени одлуки.

katastrofalni-ljubovni-sostanoci-koi-site-gi-imaat-pominato-01

Сите сме поминале низ нив и сме се почувствувале разочарани од секој пропаднат состанок. Затоа, немојте да се грижите доколку во скоро време и вам ви се случил некој ваков состанок.

Едноставно, продолжете со понатаму, а еден ден ќе раскажувате за она што сте го поминале:

1. Премногу лично - Излезени сте првпат со момчето или девојката која сте ја запознале пред неколку денови. Разговорот тече нормално, но после некое време разговорот се движи во погрешна насока. Тој или таа, започнува да ве прашува премногу интимни работи од тоа што сакате во сексот, па сè до финансиска ситуација. Тоа не е разговор за прв состанок. 

2. Плаќање на сметката - Постои непишано правило во врска со состаноците, а тоа е дека момците  треба да ја платат сметката, барем на првиот состанок, дури и кога девојката се понуди за поделба на трошоците. Но, постојат први состаноци, на кои девојките сами ја платиле целата сметка во ресторанот. Плаќањето на сметката им докажува на девојките дека момчето има манири, ја почитува и сака тоа да ѝ го покаже.

3. Минатото -  Кога повеќето од времето со новиот партнер се троши во раскажување на минатото. Мислите дека некој сака тоа да го слуша? Докажете дека вашиот живот продолжил и заборавете на минатото. Инаку, никогаш нема да ве поканат на втор состанок. 

4. Омилена тема за зборување - За себе. Сигурно сте биле излезени со личност која постојано ви ги набројува сите успеси, неуспеси, ви кажува што сака, што мрази и сето тоа трае околу час и половина. Времето поминало, а вие само сте разговарале за него или неа. 

5. Илузија - Најлошото што може да се случи. Се запознавате со некоја личност преку социјалните мрежи, се допишувате и се решавате на прв состанок. Со погледот сте во потрага, гледате помеѓу луѓето во кафулето за да го/ја пронајдете, но не успевате. Конечно сфаќате дека таа личност нема никаква врска со онаа од фотографијата. Вие сте во замка, а состанокот е веројатно осуден на пропаст. 

katastrofalni-ljubovni-sostanoci-koi-site-gi-imaat-pominato-1

За да стигнете до онаа вистинска личност, мора да поминете низ неколку од овие катастрофални состаноци, инаку не би имале никогаш искуство во љубовта и животот.

Сте биле ли на некој од овие горенаведени состаноци?

Би можело да ве интересира:

Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg