Ова се врти во главата кај мажите на првиот состанок
Сигурно сите девојки се прашуваат што се врти во главата кај мажите на првиот состанок. Па, девојки време е да ја откриете тајната. Ова се неколку од мислите кои се вртат низ главата на момчето кога ќе ве запознае.
Зошто зборува вака?
Обично девојките сакаат да остават впечаток со културно зборување и користење на комплицирани изрази кои прават да изледаат паметни. Но, момците не ги импресионира тоа. Тие само ќе се прашуваат кога ќе престанете со глумата.
Зошто ми се смешка?
Постојано се смешкате несвесно, а момчето го забележува тоа и се чуди. Понекогаш истата ситуација се случува и кај мажите, но тие се освестуваат побрзо од жените и прекинуваат.
Каква долна облека носи под тоа тесно здолниште?
Дефинитивно едно од прашањата кои мора да си ги постави на првиот состанок. Посебно ако сте претерале со тесна облека.
Дали може да забележи дека ја набљудувам?
Веднаш после неговото размислување за вашата долна облека, ќе се запраша дали вие може да забележите како ги набљудува вашите гради или нозе.
Има одлична смисла за хумор
Секоја девојка кажува шеги на првиот состанок, бидејќи знае дека мажите сакаат жени кои знаат да ги насмеат. Нормално дека ќе помисли дека ја нашол девојката која не се срами да каже виц или да се пошегува и на своја сметка.
Каков е тој парфем?
Посебно ако сте ставиле јак парфем. Повеќето момци не ги сакаат јаките парфеми, затоа секогаш избегнувајте ги на прв состанок.
Многу е фина со келнерот
Вие како и секоја дама се однесувате учтиво и му се обраќате културно на келнерот, а тој е водушевен од тоа. Момците сакаат девојка со добри манири. Добро би било да ги задржите и да не се опуштите премногу доколку закажете втор состанок.
Премногу шминка
Девојките понекогаш знаат и да претераат со шминката на првиот состанок. Не сакаат да остават впечаток на пластична барбика, но често забораваат дека помалку е всушност повеќе, а момците го забележуваат тоа.
Момци, што уште ви се врти во глава за девојката на првиот состанок?