За 12 минути може да одлучите дали некој ви се допаѓа или не
Малку време ни е потребно за да донесеме одлука дали некој ни се допаѓа. Она што е важно се физичките карактеристики, хигиената, но и ставот на човекот.
Околу 64 отсто од луѓето кажуваат дека најважен фактор е насмевката, додека за 25 отсто од нив најважен е контактот со чите, но и тонот на гласот.
Кога запознавате луѓе или на прв состанок, во текот на првите 12 минути може да донесете несвесна одлука дали некој има партнерски потенцијал или не. Тоа го покажала британската студија АХА која е направена на 2000 луѓе.
Според неа, многу малку време е потребно за да процениме и да донесеме трајна одлука за тоа дали некој ни се допаѓа или не. Во таа проценка важни се физичките карактеристики, хигиената, но и ставот на човекот.
Околу 64 отсто од луѓето кажуваат дека најважна им е насмевката, а за 25 отсто тоа е контактот со очите или бојата на гласот.
Непријатниот мирис на телото или лошиот здив од устата се најголемата причина што ги одбива луѓето.
Околу 40 отсто од луѓето ги одбиваат оние кои постојано користат пцовки.
Некои пак, преголемо значење му даваат на надворешниот изглед, облеката или фризурата, заборавајќи дека ништо од тоа не може да ја замени хигиената, пристојноста и спонтаноста.
За сите овие работи да ги процените на првата средба, доволни ви се точно 12 минути за да знаете дали има шанси тоа да прерасне во нешто поголемо.
Што забележувате вие во првите 12 минути?