7 знаци по кои ќе препознаете дека некое момче е лудо заљубенo
Понекогаш девојките лошо ги толкуваат машките сигнали, мислејќи дека ако им подарат скап подарок, значи дека ги сака. Вистината е малку поинаква.
Постојат бесплатни знаци кои мажите не можат да ги скријат и ги издаваат колку се лудо вљубени.
Препознајте и забележете ги за да бидете сигурни дека тој ве сака:
1. Ако ви се јавува или ви пишува во вистинско време
Чувството на неизвесност и целодневно чекање до телефонот во надеж дека ќе ви се јави им е познат на сите.
Иако постојат исклучоци кои го потврдуваат правилото дека момчето кое навистина е заинтересирано ќе се јави најмногу во рок од 2-3 дена. Штом врската стане сериозна ќе ви се јавува секој ден.
Ако не ви се јавува, веројатно и не сака. Мала е веројатноста дека го изгубил телефонскиот број или дека нешто чудно му се случило.
2. Секогаш ви закажува следен состанок
Ако при крајот на едниот состанок веќе ве прашува за втор, тоа значи дека навистина сака да го поминува времето со вас.
Вообичаено мажите на почеток се многу повнимателни и не сакаат да бидат премногунападни, но не се плашатда прашаат за уште еден состанок, ако тоа навистина го сакаат.
3. Го положува тестот на оддалеченоста
Порано или подоцна, запознавањето и средбите се прекинуваат поради обострана зафатеност, некое патување или болест.
Ако после неколкунеделен прекин на комуникацијата сѐ е како и претходно, врската ви се движи во вистински правец.
Исто така, оддалеченоста може да ја зголеми желбата, а некои токму тогаш сфаќаат колку се заљубени.
4. Го пропушта излегувањето со другарите
Никогаш не пропушта фудбал или играње компјутерски игри со другарите, но поради вас ќе направи исклучок.
Одлична вест, бидејќи мажите ретко го жртвуваат своето слободно време за нешта и луѓе кои не им значат.
5. Наоѓа време
Дури и оние кои се најмногу посветени на работата може да најдат време за романтичен состанок, доколку сакаат.
Дури и ако работната маса им е натрупана со документи, или им се приближува испитот, наоѓаат време и начин за да стигнат да направат сѐ и да ѝ посветат време на својата сакана.
6. Го покажува најдоброто од себе
Оној кој е заљубен пред девојката се труди да го покаже најдоброто од себе. Внимава како се однесува и како девојката му возвраќа.
Доколку не му се допаѓа, тогаш не му е важно ниту како се однесува.
7. Се излежувате заедно
Галењето наутро в кревет, попладневната дремка на каучот и заедничкото правење на секојдневни едноставни работи покажува дека не е со девојката само поради сексот, туку подготвен е со неа да ги дели и моментите на мрзеливост и опуштање. Незаинтересираниот маж на такви ситници воопшто не би трошел време.