Случајно забележани последни моменти од една љубов (фото +18)

Според задачата која ја имала од магазинот „Upon Paper“, 21-годишната студентка и фотографка, Џордан Тиберио, поминала два дена во интимно фотографирање на пар во моменти за кои не можела ниту да претпостави дека се последни во нивната љубов.

fotografii-so-slucajno-zabelezani-posledni-momenti-od-edna-ljubov-01

Таа била пријателка со парот кој се забавувал околу една година и заедно живееле подолго време.

Идејата била да ги забележи моментите во кои тие се однесуваат како кога се сами. Проектот го нарекла „Две души“.

„Се трудев да не го почувствуваат моето присуство и како да не ја забележувам страста меѓу нив за да бидат најопуштени“. – изјавила Тиберо.

„Иако своите модели не ги гледам како објекти, голото тело го третирам како прибор кој може да го трансформира објектот до неограничена убавина“.

Како што самата кажува, била многу нервозна кога требало да ги покаже фотографиите со оглед на тоа што во меѓувреме Сем и Марис раскинале, но, сепак биле многу задоволни и благодарни за она што излегло.

„Овие фотографии навистина се посебни. Тие се вистински и опиплив доказ за нешто што го промени мојот живот и мене на подобро“. - рекла Марис, девојката од парот.

Сем раскинал со Марис неколку дена по фотосесијата на годишнината од нивната врска. Живееле заедно, а по раскинувањето останала сама и без дом.

„Тој беше моја прва љубов. Живеевме заедно, пушевме иста цигара, спиевме во ист кревет. Се вратив кај родителите. Сега ми е чудно кога ги гледам фотографиите. Бев толку среќна, а не знаев дека Сем сака да раскинеме. Веќе не разговараме. Се обидовме да останеме пријатели, но тој престана да одговара на моите пораки“.

Фотографиите се направени со аналогна камера. Џордан потрошила 10 ролни филм од 35 мм методички позиционирајќи го објективот за да изгледа целосно воајерски.

Нејзината серија фотографии е одличен пример како голите тела може да бидат совршен пример за фотографии со вкус.

Нејзиниот проект е избран за најдобар и објавен е во берлинскиот магазин „Uper paper“  каде нејзините фотографии се нашле во ист ред со оние на Лери Кларк, Бил Хенсон и Рене Гробли.

Погледнете ги најинтимните фотографии:

Би можело да ве интересира:

Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg