6 причини зошто не би требало да бидете пријатели со бившите
Едно од најголемите клишеа е идејата дека по раскинувањето треба да останете пријатели со бившиот партнер. Понекогаш се случува тоа добро да функционира, но тоа е само некој исклучок.
Ниедна голема љубов не може да заврши со пријателство. Само доколку љубовта не била доволно силна или не траела долго, а мирно сте се разделиле, тогаш може да останете пријатели. Сето она во кое има многу поинакви и посилни емоции, никогаш не може да се задоволи со пријателство.
Ако се пронајдете во некоја од следните шест ситуации, бидете сигурни дека не треба да бидете пријатели со бившите.
1. Еден од вас сериозно верува во идејата да останете пријатели, а другата личност ја користи ситуацијата за да може да го поништи раскинувањето
Ако едниот од вас го користи пријателството за да се врати во врската, тоа може да биде пострашно и од самото раскинување. Чекор напред-назад само ќе го раздолжи болниот период до недоглед. Не се мачете, кажете не!
2. Не сте имале никогаш основа за пријателство
Ако тоа било врска заснована на жестоки кавги и жежок секс, бидете реални. Нема да ви успее.
3. Немало заемно почитување
Дали никогаш немало или сте го изгубиле после десеттото раскинување, не е важно. Поентата е дека некој што не го почитувате, не може да ви биде пријател.
4. Во текот на врската сте поминувале низ емотивно или физичко малтретирање
Уцени, намерно предизвикување болка, лажење, неверство или физичко малтретирање... зошто и воопшто би сакале да се дружите со таква личност?
5. Едниот од вас не би можел да го види партнерот со друг/а
Секако, нема да биде лесно, но дали е тоа болка со која може да се носите и како ќе изгледа кога ќе се заменат улогите? Ќе ве обземе ли целосно љубомората? Ако е така, почекајте да помине некое време.
6. Не си дадовте доволно време за да ја надминете врската
Како и да сте раскинале, мора да помине некое време пред да станете пријатели. Емоциите и болката кои секогаш се чувствуваат во првите неколку недели по раскинувањето не се најдобра подлога за да почнете да градите пријателство.