Момци, сакате да ја задржите девојката? Насмевнете ја!

Без разлика која девојка ја прашувате, таа ќе каже дека една жена сака маж кој умее да измами насмевка на нејзиното лице. Тоа е универзален факт за жените кои обожаваат да се смеат, а во овој случај тоа се сите жени. Насмевката понекогаш може да биде пресудна за тоа дали девојката ќе одлучи да започне нешто со вас или не.

momci-sakate-da-ja-zadrzite-devojkata-nasmevnete-ja-01

Постојат мажи кои знаат како да измамат насмевка кај дамите, но постојат и такви кои не се доволно упатени во тоа и не знаат како да го изведат.

- Кажете и некој сладок, романтичен виц на кој двајцата ќе се насмеете, а таа насмевка за кратко време замените ја со неочекуван бакнеж. Секоја девојка ќе се израдува на ваквиот ненадеен гест. Доколку успеете да го изведете ова бидете сигурни дека девојката сè повеќе и повеќе ќе се топи на вашиот шарм.

- Предложете ѝ да правите нешто кое и на двајцата ви е ново или заборавено. Може да ја изведете во забавен парк каде што ќе се потсети на детството и нема да може, а  да не се насмевне барем еднаш.

momci-sakate-da-ja-zadrzite-devojkata-nasmevnete-ja-1

- Купете шеќерна волна на која ќе се израдува како мало девојче. Таа никогаш нема да го заборави тој прекрасно поминат ден со вас.

- Доколку имате можност изведете ја на прошетка низ плажа и почнете да се натпреварувате во трчање. Оваа ситуација асоцира на романтичните филмови кои ја терале да заплаче и веднаш ќе почне да се радува што и таа во моментот доживува една таква бајка од соништата проследена со милиони бакнежи на песочната плажа.

- Уште еден начин на кој можете да ја насмеете е предлог за секс на некое интересно, возбудливо место. Иако девојките се срамат да признаат, ваков предлог е една од нивните многубројни сексуални фантазии на кои им се радуваат секоја вечер пред да заспијат.

Не бидете срамежливи и пробајте да остварите дел од нив. Така секоја вечер ќе знаете дека сте виновни за нејзината насмевка.

momci-sakate-da-ja-zadrzite-devojkata-nasmevnete-ja-2

- Бакнувајте го секој милиметар од нејзиното лице. Кога ќе се присети на овие кратки, но слатки моменти кои несомнено ја искажуваат вашата љубов, никој нема да може да ја растажи.

- За крај....Во секоја караница или непријатна ситуација дофрлете шега иако не ви е дојдено до смеење. Полесно ќе ја надминете напнатоста, а вашата сакана ќе биде среќна што пронашла некој што и во тешките мигови ќе знае како да ја насмее!

Би можело да ве интересира:

„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg