Три типа мажи кои секоја жена мора да ги има
Многу жени добар дел од својата енергија ја насочуваат во барање на човекот на нивниот живот. Меѓутоа, пред да го пронајдете, посветете се на тројца други мажи.
Не постои жена која не сонува за совршена љубов и романтика која го исполнува нејзиниот дом, додека пие вино покрај камин во прегратката на својот сакан.
Но, оптовареноста со оваа слика и тежината која ги надминува границите на нормалата, знае жените да ги стави во ќош и да ги затвори, ако не го најдат токму тоа.
Не е лесно да се најде сродна душа, но пред сè е важно да живеете ден за ден, а не за некоја далечна иднина.
Затоа, престанете да се измачувате себе со мислите за господин Совршен и свртете се кон убавите работи во животот. Можеби не сте знаеле, но постојат три типа мажи кои мора да ги познавате и да бидат во ваша близина, пред да го најдете оној Вистинскиот.
Фризер
Дамите знаат колку е важно на секое место и во секое време да имаат убава, чиста и негувана коса. Токму тука треба да е фризерот, најдобриот пријател на вашата фризура, но и личност кај која сакате да отидете на разговор или партија озборување.
Додека седите, пиете кафе и читате весници, тој ве забавува со најразлични приказни и плус ве разубавува. Совршено, нели?
Љубовник
Овој тип фраер е тука само од една едноставна причина, да ве забавува и задоволува. Тој не ви е момче, но тука е кога ќе посакате. Доволен е само еден повик и тој ќе се најде на пред вашата врата.
Со него имате одличен секс, неверојатна физичка привлечност, силна хемија, но немате намера да се заљубите. Одлична забава додека не дојде некој кој ќе го освои вашето срце.
Тип кој е луд за вас
Вистинската жена мора секогаш да има додворувачи, без разлика дали се работи за колега од факултет, работа, сосед или некој друг. Тој е заведен од вас и подготвен е да направи сè само за да се најде во ваша близина иако знае дека немате намера да бидете со него.
Тој е секогаш тука за да ви помогне кога треба, да ви поправи нешто, да ви заврши некоја работа, а при тоа постојано ви се додворува. Истражувањата покажуваат дека мажите имаат поголема корист од машко - женските односи, бидејќи жените се подобри слушатели, додека жените во таквите односи со мажите се многу позабавни и опуштени. Сè на сè, секој добива.