3 типови жени на кои им е судено да останат сами
Многу луѓе се плашат дека ќе останат сами. Се плашат дека нема да ја најдат вистинската љубов, дека нема да имаат среќа да ја запознаат вистинската личност. Но, постојат и три типови жени кои навистина треба да се плашат дека ќе останат сами.
1. Премногу негативна
Овие жени во сè го гледаат најцрното. Што и да зборувате со нив, тие ќе го сфатат негативно. Дури и ако најдат некој сличен на нив ќе уништат сè бидејќи постојано ќе ги бараат неговите маани и ќе имаат забелешки и за најмалите работи како џвакање на храната, бојата на чорапите, начинот на зборување. Секогаш ќе ги коментираат неговите маани, а штом се концентрирате на негативност, таа произведува негативност.
2. Премногу позитивна
Оваа жена е во друга крајност и во најцрните ситуации наоѓа нешто позитивно. Нејзиниот став ѝ помага во сите луѓе да го гледа само најдоброто, брзо да наоѓа решение и да дава надеж во секоја ситуација. Но, поради своите розеви очила таа не може да забележи ниту кога навистина се случува нешто негативно.
Овие жени не може да сфатат дека не е секоја личност добра за нив колку и да сакаат тоа да биде така. Ја игнорираат реалната ситуација и продолжува да размислува позитивно. Во најдобар случај само ќе се залажува, а во најлош случај таквиот начин на размислување може да биде опасен за неа.
3. Жена која верува во судбина
Овој тип жени сите работи околу себе ги објаснуваат со нешто што било „судено да се случи“. Така сакал Бог, Универзумот или нешто друго во што веруваат. Тие читаат хороскоп и астролошки предвидувања, секаде околу себе гледаат знаци и чекаат судбината да им го донесе човекот на нивниот живот.
На ваквите жени им е судено да останат сами бидејќи веруваат дека ќе биде онака како што е судено, не се трудат и неодлучни се. Ако треба нешто да се случи, ќе се случи што и да направат, бидејќи така е судено.
Тоа не е точно. Ваквите жени седат и чекаат животот да им го донесе она што го сакаат, наместо да се изборат за тоа.
Сите три типови жени може да најдат партнер кој ќе биде со нив до крајот на животот, но сигурно нема да го најдат она што го посакуваат.