Романтична приказна: Запросување со помош на 15 француски булдози

Како што наближува Денот на вљубените така се појавуваат најразлични идеи и приказни за романтични изненадувања.

romanticna-prikazna-15-francuski-buldozi-mu-pomognale-da-ja-zaprosi-devojkata-01

Понекогаш не мора да биде нешто фамозно и спектакуларно за да биде забележано. Доволно е да ги знаете омилените работи на партнерот и да го направите најубавото изненадување.

Токму на тоа помислил и Роб Микалеф кога решил да ја побара за жена својата девојка Џесика Самут.

Знаејќи ја нејзината опсесија со слатките кученца од расата француски булдог, решил дека тоа е сигурната варијанта на која нема да може да одолее.

romanticna-prikazna-15-francuski-buldozi-mu-pomognale-da-ja-zaprosi-devojkata-2

Знаел како вистински да ја освои и да го добие посакуваниот позитивен одговор.

Наместо веќе видените идеи со многу луѓе и флеш моб на некој плоштад тој го одбрал снежниот парк и 15 луѓе, сопственици на нејзините омилени француски булдози.

Добро биле организирани, така што кога тој клекнал пред неа се појавиле прво 2 преслатки кутриња облечени во црвено со врзан балон во вид на срце околу вратот.

romanticna-prikazna-15-francuski-buldozi-mu-pomognale-da-ja-zaprosi-devojkata-1

Зад нив се појавиле уште 15 луѓе со своите француски булдози и балони во вид на срциња, а во рацете држеле по еден плакат со секоја буква составувајќи „Омажи се за мене, Џес“ (Мarry me Jass).

Се разбира дека не можела да одолее и рекла „Да“, иако подоцна се пошегувала дека прифаќа, но  под услов да ги добие кучињата.

romanticna-prikazna-15-francuski-buldozi-mu-pomognale-da-ja-zaprosi-devojkata-3

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg