Жените не сакаат порнографија?
Мажите секогаш добро размислуваат пред да ја прашаат својата партнерка заедно да гледаат некој порно филм. Воглавно се грижат за реакцијата при...
...таков предлог, бидејќи за припадничките на понежниот пол важи дека не го сакаат овој жанр.
Жените се грижат за тоа што можеби порно старлетите се по привлечни и интересни за нивните партнери, така што прашање е дали таа ќе биде во центарот на вниманието на својот партнер.
При тоа секогаш го забораваат фактот дека за тој на прв поглед “совршен изглед“ се потрудиле пластичните хирурзи, фризери, шминкери, стилисти...
Таа е подобра љубовница од мене - глумиците изгледаат како да сакаат се, се им одговара и секако после се доживуваат оргазам, па нормално и дека сето ова ќе ви изгледа така добро и реално кога тие на крајот од денот ќе си ги земат парите за својата глума.
Стравот кој го имаат жените дека ако партнерот гледа порнографија и мастурбира постои бидејќи тие тоа го сметаат за еден вид изневерување.
Често мислат дека овие филмови се само за тинејџери или за очајни кои не можат да си најдат партнерка.
Обичниот секс веќе не е доволно интересен за гледачите, па затоа и порно индустријата од глумците очекува се по перверзни сексуални активности.
Мажите обично ги гледаат од радозналост (што не значи дека утре ќе го пробаат тоа со вас).
Порно филмовите е добро да ги гледате во пар и во случај да видите нешто што ви делува привлечно - спроведете го во пракса.
Уште една заблуда е дека гледањето порно филмови влијае на ставот на мажите за сексот и жените, на возрасни и зрели луѓе тоа нема да влијае во таа насока.
Ако за жената порнографијата е нешто нечисто и ако е уверена дека сексот е работа која е интимна и се дели само со партнерот, тешко дека мажот може да ја убеди во нешто поразлично.
Обично личностите со ваков став не се опуштени во сексуалните односи.
Ако вашата партнерка никако не прифаќа порнографија тогаш можете да и предложите да погледнете заедно некоја интересна емисија за сексот или некој познат еротски филм каде се е прикажано со повеќе естетика.