Како да го натерате да ве ожени?
Според истражувањето кое го направил Џон Т. Молој во книгата „Зошто некои мажи се женат, а други не“, во која изнел анализа од 2000 интервјуа, дошол до следниот заклучок:
Статистички, жените кои имаат повеќе од 35 години и кои се подебели имаат помали шанси да стапат во брак.
Молој, според тоа, им дава совети на жените за што би можеле да размислат ако сакаат да стапат во брак:
- Да инсистираат на брак
- Ако вашата врска е премногу долга и веќе досадна или напорна, раскинете и продолжете понатаму
- Сакајте се себе најмногу
- Препуштете се на идејата дека некогаш ќе се ожените
- Одржувајте ја формата, внимавајте на килограмите, водете сметка за себе
- Времето истекува, користете го паметно
Молој открива дека мажите по 37 година, тешко се одлучуваат за брак, а уште потешко после 43-тата година од животот.
Повеќето мажи предлагаат брак по 18 месеци забавување. Ако не го направат тоа дури ни по 22 месеци, големи се шансите дека нема никогаш да се случи.
Молој открива уште еден интересен податок, како важна причина според една случка.
Жаклин М. му открила како едно момче ѝ рекло дека покрај сите квалитети што ги има и кои му се допаѓаат, има уште еден, убава е, но не премногу. Во неговите очи тоа бил голем плус, но таа била повредена и навредена, наместо да биде среќна.
Колку и понекогаш да мислите дека попрво би избрале некоја друга поубава, сепак за брак ја избираат онаа која нив им се допаѓа, а не на целиот град.