Крема против импотенција
Научниците од медицинскиот колеџ " Алберт Ајнштајн " во Њујорк произвеле нов медикамент кој би можел да помогне во отстранувањето на најверојатно...
... најголемата ноќна мора на секој маж - Импотенцијата.
Станува збор за специјална крема која била направена по специјална современа технологија и нема контраиндикации, така да може да ја користат сите мажи.
Дејството на кремата започниува одма по нејзиното нанесување на половиот орган. Докторката Ира Шарлип, која работела на истражувањето за овој нов лек, тврди дека досегашните истражувања кој биле спроведени на глувците покажале одлични резултати.
Тестирањето врз мажите би требало да започне поскоро, но научниците тврдат дека кремата нема никакви несакани ефекти бидејќи делува само локално.
Поради причниата што импотенцијата станува се поголем проблем кај мажите ( околу 2,5 милиони во Британија и околу 3 милиони мажи во Италија го имаат овој проблем ), се очекува дека оваа магична крема ќе биде многу популарна.