5 начини на кои есента делува на вашиот сексуален живот
Дали некогаш сте се запрашале како годишните времиња делуваат на вашето либидо? Покрај тоа што есента делува на либидото, делува и на вашиот изглед, на желбата за присност и плодност.
Еве како управува есента со нас:
1) Го зголемува либидото
Додека паѓаат лисјата, сексуалната желба расте.
Неколку студии го следеле нивото на хормоните во текот на годината и потврдиле дека нивото на тестостеронот кај мажите е највисок во есен (истото важи и за жените).
Научниците шпекулираат дека тоа може да се поврзе со праисконскиот инстинкт за парење (кај некои животни сезоната за парење почнува во есен), со зголемена социјална активност и пократки денови.
2) Попривлечни сте за спротивниот пол
Високото ниво на тестостерон во есен кај жените доведува до зголемување на струкот во однос на колковите, што значи помалку облини.
Исто така мажите сметаат дека жените се попривлечни за време на студените годишни времиња (најпривлечни се во јануари).
Една теорија вели дека тоа е затоа што мажите се повеќе заинтересирани за секс во есен, но можно е да е и поради контрастот односно поради тоа што жените помалку го покажуваат своето тело во споредба со летото (кога се се гледа), а тоа ја буди фантазијата и желбата кај мажите.
3) Одлична забава
Колку е постудено толку е поголема желбата да се згрееме. И тоа не само телесно, туку и мозокот и срцето бараат нешто што ќе ги „згрее“ бидејќи постои поврзаност помеѓу физичките и психолошките чувства. Кога со некој ќе ја поделиме топлата напивка не само што ќе се згрееме физички, туку и емоционално ќе создадеме пријатно чувство.
4) Заљубување
Научниците кои ги проучувале статусите на Фејсбук според годишните времиња откриле дека најмногу раскинувања (но и започнувања на врски) се случуваат во лето и тоа важи за сите возрасти.
Меѓутоа откриле дека во есен најмногу луѓе го смениле својот статус од „во врска“ во „верен/а“
Значи есента е совршена за пронаоѓање на партнер.
5) Најпогодно време за бебе
Статистички есента е годишно време кога жената е најплодна (особено во ноември и декември) и затоа девет месеци подоцна се раѓаат најмногу бебиња.
Интересно е и дека бројот и концентрацијата на сперматозоидите е најниска од август до октомври поради летните горештини и тогаш е најтешко да се забремени, додека неколку недели подоцна, односно во доцна есен, ситуацијата потполно се менува.