Која година е најлоша за бракот?
Ако сте се венчале во 2010 вашиот брак во моментов е најдобар. Според истражувањето кое опфатило 2.000 луѓе кои се во брак, третата година од заедничкиот живот е најубава.
До тогаш, двојката се прилагодува на заедничкото функционирање и почнува да ги прифаќа и маните и доблестите.
Обично се уште немаат деца, но со радост размислуваат на оваа тема. Уживаат во периодот во кој и двајцата заработуваат, а парите ги користат за патување и средување на семејното гнездо.
Но, ситуацијата почнува да се менува во петтата година, кога децата и кариерата почнуваат да земаат замав, а најмногу патат сопружниците.
Истражувањето открило и дека ако бракот потрае до 7мата година, веројатно ќе биде долговечен.
Се согласувате?