15 причини зошто паровите треба повеќе да патуваат, наместо да купуваат

Ако ви се ближат родендени или годишници или сакате да смислите подарок за некоја прилика или изненадување, размислете за посета на некое необично место кое ќе ви остане во трајна меморија, наместо предмет или облека кои може да ги заборавите или зафрлите.

15-pricini-zosto-parovite-da-patuvaat-namesto-da-si-kupuvaat-podaroci-01

Ако сè уште не сте сигурни зошто да заминете на некое патување, еве 15 добри причини:

1. Луѓето кои собираат доживувања се посреќни од луѓето кои собираат предмети

Ова се однесува на тоа дека предметите може да избледат, да се изгубат или фрлат, но она што ќе го доживеете на некое патување ви останува во трајна меморија.

2. На патувањата се учи

Може да прочитате стотина историски книги, но за навистина нешто да разберете, мора да патувате на места кои навистина влегле во историјата. Затоа посетете што повеќе места. А кога еднаш ќе ви се пробуди интересирањето за светот само ќе сакате да патувате уште повеќе, да учите и да дознавате.

3. Патувањето некогаш може да биде и поевтино од она што би го купиле

Два паметни телефона чинат повеќе отколку некое патување, а доколку се тоа некои поголеми или повредни работи, тогаш сигурно патувањето е подобар и поекономичен избор.

4. На патувањата често правиме работи кои инаку не би ги направиле

Физички активности како скијање, планинарење, нуркање се одлични за да се зближите. Чувството дека сте направиле нешто ново и необично заедно, ќе ви даде посебна енергија.

5. Запознавање други култури

Запознавањето други култури и начини на живот ќе ве ослободи од предрасудите. Едно е размислувањето ако само гледате нешто на филм, а сосем е поинаку ако тоа го доживеете и ако одблизу се запознаете со некоја култура обичаи или земји, различни од вашата.

6. Вашата врска на одмор или на некое патување се развива поинаку отколку кога сте дома

Поминувањето време на пат, барањето дестинации, истражувањето нови места, времето за опуштање еден на еден... сè тоа се ситуации кои се случуваат само на патувањата, а овозможуваат многу прилики за развој на меѓусебниот однос. Тие многу добро ја тестираат и вашата издржливост и трпение.

7. Патувањата се долгорочни спомени

Никогаш нема да го заборавите заедничкото уживање и чувството кое тоа го носи со себе. Дури и како поминува времето, така ќе ви стануваат подраги.

8. Можете да ја запознаете својата земја или пак светот

Многу е лесно да се повлечете во својот крај и да не излегувате од него, но нема подобар и поубав начин да го запознаете светот околу себе ако малку патувате. Без разлика дали е тоа викенд на само 30 километри оддалеченост или некоја далечна дестинација – патувањето ќе ви годи секојпат.

9. Можете да побегнете од децата

Некогаш ви е потребна можност да се опуштите без деца во близина, а со тоа ќе си помогнете и себе и на децата. Затоа викендот е супер терапија и релаксација.

10. Но, можете да одите на патувања и со децата

Ако баш немате каде да ги оставите децата или доколку не поминувате доволно време со нив, тогаш земете ги со вас. Заедничкиот викенд или одмор се добри за да се зближите.

11. Можете да посетите некои пријатели или роднини

Сигурно имате роднини кои одамна не сте ги посетиле или секојпат ги заобиколувате. Животот е краток, особено за постарите, па немојте подоцна да жалите, туку посетете ги бабата и дедото кои не сте ги виделе со години.

12. Патувањата ве поврзуваат со природата

Не мора да патувате далеку и да трошите многу пари за луксузно патување. Викендот во природа може исто така да влијае позитивно на вашето ментално здравје и чувството на поврзаност со природата.

13. Вашата куќа ќе има многу помалку непотребни работи

Колку повеќе предмети си купувате, толку повеќе ги исцрпувате идеите па почнувате да се повторувате со слични кои само ќе зафаќаат место. А спомените никогаш не се доволно и никогаш не можат да ви зафаќаат премногу место.

14. По спиењето во хотел ќе го обожавате вашиот кревет

Хотелските кревети се големи и удобни, можат да бидат супер, но кога ќе се вратите после неколку ноќи, едноставно ќе го сакате вашиот кревет и ќе му се радувате заедно.

15. Забавно е и... ќе имате повеќе секс

На крајот, патувањата ги расположуваат луѓето. Го намалуваат стресот и ја враќаат магијата во меѓусебните уживања и сите убави мали нешта како што е одмор со партнерот ...Меѓу сите тие работи и водењето љубов! Ако сте меѓу оние парови на кои им фали секс и не можат да најдат време и место по дома – патувањето е вистинското решение.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg