Знаци дека е “мераклика“
Конечно сте ја запознале девојката од соништата, заедно поминувате дел од времето и сте пар. Се е совршено, но вас сепак нешто ве мачи - се...
...сомневате дека е “мераклика“ и дека “шара по страна“. Ако тоа ве мачи еве неколку знаци кои може да ви ги откријат сомнежите:
1. Вежба, а не слабее
Одењето во теретана или на фитнес може да биде совршено алиби за недолично однесување. Одличен изговoр за излегување од дома, носење облека, а и нема да се сомневате ако се врати дома истуширана. Ако се сомневате, ѕирнете во нејзината спортска торба. Ако во неа најдете секси долна облека, тогаш вашата драга вежба, но на потполно друг начин.
2. Работи ноќна смена
Работи ноќно време и одбива да ви каже каде кога сакате да ја посетите. Ако одбива да ви се јави за време на работата, тоа сигурно значи нешто. Немојте да мислите дека е невозможно. Една проститутка изјавила дека е во долгогодишна врска и нејзиниот дечко мисли дека е менаџерка во компанија. Признала и дека чувствува грижа на совест.
3. Не сака да признае со колку мажи спиела
Промискуитетните девојки секогаш го избегнуваат одговорот на ова прашање и ќе ви ја избегнуваат оваа тема. Ако забележите дека неможете да извлечете нешто, тогаш тоа е знак за предупредување.
4. Постојано ви пренесува инфекции
Ако вашата драга скока од кревет во кревет и има бурно минато, често ќе ви се случува и ова.
5. Сте нашле употребени кондоми
И за крај - ако најдете употребени кондоми, а знаете дека не се ваши, тоа е сигурен знак дека вашата сакана “шврља“.