Зошто мажите не можат да ги држат закопчани пантолоните?
Иако многу мажи за своето неверство ќе пронајдат оправданине во еволуцијата и перспективата дека мажите имаат потреба да го „шират“ видот, постојат уште некои причини зошто бараат љубов и страст со други жени.
Мажите веруваат дека неверството под одредени околности е прифатливо, а освен тоа, да се остане верен е прашање на моралот, уверувањето и љубовта.
Зошто изневеруваат мажите?
Поради можноста
Ако мажот верува дека може да отиде со друга привлечна жена во кревет и за тоа никој да не дознае – е тоа се вика можност.
Различност
Можеби едноставно има силно изразен сексуален нагон и сака да проба нешто поинакво.
Одмазда
Можеби жената направила нешто што го повредило и сега сака да и врати со иста мерка.
Поради изгледот
Некоја жена го плени со изгледот и привлечноста. Почувствувал хемија и сигурно ќе направи сè со таква девојка да заврши во кревет.
Поради фантазија
Можеби отсекогаш фантазирал дека има „жежок“ секс со непозната жена, а можноста му се укажала во хотелот во кој отседнал за време на деловното патување.
Бегање од врската
Можеби сакал да ја напушти партнерката, но немал доволно храброст тоа да го признае. Новата љубов воедно му е и причина за напуштање на партнерката.
Поради емотивна поврзаност
Можеби мажот повеќе не чувствува емотивна поврзаност со партнерката. На мажите им се потребни: блискост, нежност и емоции. Можеби мислат дека друга жена подобро ќе ги разбере.