5 Иритантни навики на (пре)заљубените парови
Откако ќе помине тинејџерската љубов, доаѓа фазата во која знаеме што сакаме од партнерот и започнуваат оние поцврсти љубовни врски.
Е, сега, постојат оние парови кои често знаат да ја иритираат околината докажувајќи си ја љубовта:
1. За сè веќе разговараат со „ние“.
Секаде одат исклучиво во пар. Нема веќе мои-твои пријатели, сите пријатели се заеднички. Дури и почнуваат да го губат сопственото „јас“. Забораваат дека можеби утре веќе нема да бидат заедно.
2. Мислат дека секое излегување е резервирано за парови.
Нема женска вечер или вечер со другарите.
3. Го користат Фејсбук за целиот свет да знае колку се сакаат.
„Те сакам“, „Среќна годишнина“, „5 години со моето најмило“ – зошто воопшто имаат потреба ова да го знае целиот свет? Каде исчезна интимата?
4. Стануваат неуморни посредници при спојување на нови парови.
Толку се воодушевени од сопствената врска, па на сите сингл пријатели им нудат да им наместат некого. Не сфаќаат дека некои луѓе едноставно уживаат во сингл водите.
5. Забораваат кои се и какви биле кога се сингл.
Не дај боже да раскинат утре, не знаат како да се однесуваат сами.