Љубовни лекции кои сите пропуштивме да ги научиме
За почеток запознајте се себеси. Вие сте клучот за квалитетна и издржлива љубов. Ако не се познавате доволно себеси, како ќе се презентирате во најдобро светло? Иако е тешко да пронајдете време, обидете се колку можете и дознајте што сакате, а што не.
А, потоа добро научете ги следните љубовни лекции...
Земете се со најдобриот пријател - Попрво би го поминале животот со некој кој штотуку го запознавте на шанк, отколку со најдобриот пријател/најдобрата пријателка? Добро размислете за оваа опција.
Компатибилноста е клучот - Слушајте како зборува за своите родители и своите најблиски. Можеби звучи ужасно, но сепак тоа многу открива. Дали неговото семејство се грижи доволно или пак ретко кога се гледаат? Ако ситуацијата е таква што без одредена причина нивните односи се нарушени, бегајте од личноста што подалеку можете.
Држете се подалеку од луѓе кои ветуваат, а не исполнуваат - Идеалниот партнер никогаш не може да не пристигне на состанок, да не се јави или да не ви каже зошто бил некаде. Следете ги своите инстинкти. Ако пречесто ги игнорирате, тие веќе нема да функционираат, а лагите и тоа како ќе се таложат.
Секогаш вклучете ја логиката - Познато е дека мозокот и срцето немаат ништо заеднично, но врската би требало да биде во позитивен однос и со едното и со другото. Не се согласувајте на ништо што срцето или мозокот ви вели дека не треба да го правите.