Твитер правила: Ожени ја ако...
Како и секоја останата Твитер тема, така и оваа предизвика бура од интересни коментари и предлози кои не успеаа да останат незабележани. Еве неколку супер идеи зошто треба да ја ожените вашата сакана.
Oжени ја ако...
...не можеш да дочекаш со неа да се пофалиш пред сите.
...знае да се забавува било каде и било кога.
...во петок навечер остануваш со неа дома и подобро ти е отколку да одиш на журка.
...те буди секое утро со тон бакнежи.
...едвај чека да гледа спортски вести, со тебе.
...би бил горд да имаш ќерка како неа.
...не се јавува и не ти пишува 100 пати кога си излезен со друштво.
...е независна.
...е воодушевена кога ќе ја запуштиш брадата.
...ти помага да успееш и да ги оствариш своите соништа.
Уште нешто да додадете?