Летна авантура, кој е за?
Лето е! Размислувањата и претпазливоста испаруваат на силното сонце, нивото на енергија се подига, на себе имаме сè помалку облека, се чувствуваме природно и слободно.
Сето ова може да доведе до брзи и лесни авантури. Иако овие кратки летни романси, кои што ја имитираат љубовта може да бидат многу забавни, она што не го посакувате е да остават трага и да ви го загрозат уживањето во безбрижните релаксирачки денови.
Еве како да ја одржите вашата летна љубов интензивна, а при тоа да не и дозволите да стане тешка и напорна.
Радар за опасност
Можеби летотo прави да се чувствувате слободно, но тоа не ги отстранува вообичаените опасности, па мора да имате барем основна доза на внимание. Ако се најдете во ситуација во која не би сакале да бидете, или во која не се чувствувате пријатно, јасно кажете го тоа.
Поставете елиминаторни прашања
Тоа што е во прашање само летна романса, не значи дека треба да бидете со било кој/а и да правите било што. Поставете елиминаторни прашања кои ќе ви откријат кој е тој/таа која што ја посакува вашата љубов ова лето. Без разлика на летната шема, не би сакале некој да ве наведе на погрешни очекувања и да ве изигра.
Држете се подалеку од отровното, здодевното и нездравото
Летната љубов може да биде забавна, но ако тие врски тргнат во нездрави и токсични води, или едноставно станат здодевни, тоа може да ви ја расипе целата летна безгрижна енергија. Бидете релаксирани, а ако не ви е пријатно, веднаш прекинете, бидејќи ова се единствените ситуации кога другата линост нема право да бара објаснување.
Имајте романса на одмор
Романсите на одмор се фантастични! Најдете си некоја локација и искористете ја за да отидете на места каде што нема толку многу туристи. Ќе се изненадите што сè останува скриено во туристичките места.
Сè нека биде лесно
Немојте да го вклучувате срцето во летните авантури. Останете забавни и лелеави, а врската држете ја на незадолжително ниво. Последната работа која што ви треба е во наредните шест месеци да жалите што повеќе нема да го/ја видите личноста од летниот одмор.