Сексот низ статистики
Некои работи врзани за сексот добиваат вистинска димензија само кога ќе се искажат во бројки. Статистиките ни откриваат многу дури и кога...
...се во прашање сексуалните односи. Иако интимните односи не би требало да се сведуваат на бројки, интересно е да се погледнат какви се просечните ставови и љубовниот живот на другите луѓе.
Дали сте знаеле дека мажите во просек менуваат 7 партнерки, а жените спијат со 4 личности од спротивниот пол?
Рекордер по број на деца
Светска рекордерка е една Русинка која живеела во 18 век. Родила дури 69 деца, била бремена 27 пати - 16 пати носела близнаци, 7 пати тројка и четири пати четворка. Татко со најмногу деца е мароканскиот император Мулај Исмаил Шариф кој имал харем од 500 жени и е татко на 1042 деца.
Прв однос
Во просек мажите губат невиност со 16,9 години, а девојките нешто подоцна - со 17,4 години. Генетски фактори, како импулсивноста, можат да влијаат младите порано да стапат во сексуални односи.
Доживување оргазам
75% од мажите секогаш доживуваат оргазам за време на секс, само 29% од жените доаѓаат до задоволство. Најголем број жени имаат потреба од стимулација на клиторисот.
Пријател со бенефиции
Околу 2/3 студенти од двата пола изјавиле дека имале интимен партнер без обврски со кои практикувале секаков вид на секс.
HPV
Најмалку 50% од сите мажи и жени во текот на својот живот барем еднаш се заразуваат со HPV. Среќа, во 90% од случаите имунитетот во рок од две години сам ќе се избори со вирусот.
Еректилна дисфункција
Околу 5% од мажите до 40 години и 15-25% постарите кои имаат 65 години, искусиле што значи еректилна дисфункција.
Секс со жена
Едно британско истражување покажало дека секоја 4та жена размислила за секс со друга жена.