Женски трикови на кои мажите не можат да им одолеат
Зачудувачки, но вистинито – мажот за време од седум секунди гледање во жена ќе се одлучи дали да и пријде или не!
Да се биде природен во повеќето животни ситуации е најдобрата формула за успех, но во некои ситуации, како оние кога сакате да бидете забележани, не е лошо малку да се глуми и да се послужите со стари трикови.
Иако се мисли дека деколтето е гаранција за привлечност, мажите паѓаат на многу посуптилни глетки.
1. Уште еднаш се потврдува: облеката го прави човекот. Голите раменици мажите ги поврзуваат со градите, па затоа фустан, или маци без ракави е вистинскиот избор за привлекување на туѓото внимание.
2. Суптилно поправање на облеката, како израмнување на здолништето, на мажите им дава до знаење дека сакате добро да изгледате и тоа им го подигнува егото.
3. Штиклите се секси за мажите, но балетанките може да бидат уште посекси ако едната ја нишате со врвот на прстите.
4. Со една рака потпрете се на шанкот за да не делувате вкочането. Самодовербата е секси, но немојте да претерувате и да ги држите рацете на колковите бидејќи така нема да изгледате секси туку само недостапно.
5. Благо спуштената брада и поглед лежерно напред кон горе додека зборувате со некого (или само го набљудувате) е многу кокетно и привлечно. При говор на телото внимавајте додека седите да не ги вкрстите глуждовите пред себе, бидејќи тоа ќе се протолкува како да сакате да бидете на некое друго место.
6. Срамежливи сте? Застанете во средина на групата луѓе – повеќе ќе зборувате и ќе бидете многу популарни, а на мажот поради тоа ќе му бидете уште поинтересни.