Дали е тој вистинскиот ?
Многу честа грешка е прифаќањето на физичката привлечност како знак дека некои луѓе едноставно биле судени еден за друг. Нормално, оваа...
... заемна привлечност е клучна за остварување на долга и стабилна врска, но постојат доста други услови и фактори за остварување, реализација и задржување на силна врска.
Ако сакате да истражите дали одредни фактори насочуваат кон тоа дека партнерот е вистинскиот за вас, обрнете внимание на следниве неколку суштински фактори:
1. Тој знае очекува од себе и што сакате вие
Секој маж со кој очекувате да имате долга врска, знае што сака и тој слободно ви раскажува за своите долгорочни планови. Кога во овие планови, во сликата на идниата ве гледа и вас, тогаш тој дефинитивно е загреан за долга врска.
Ако тој нема некои посебни и одредени планови воопшто за животот, тогаш не очекувајте дека во блиска иднина тој ќе ве запроси.
Не се лажете дека тој прво ќе ве земе, па потоа ќе одлучува што сака во животот. Дури и да сфати што очекува од животот, не бидете сигурни дека вие лесно би се вклопиле во неговата слика за иднината.
Најчестата причина за разводите е токму таа: мажот и жената одеднаш сфаќаат дека тие сакаат сосема различни работи од животот.
Како превентива од ваква ситуација, неопходно е да знаете однапред како вашиот потенцијален маж ја замислува иднината.
2. Тој е оптимист
Скорешно исражување потврди дека луѓето кои имале позитивни родители и растеле во хармонија со семејството, се позадоволни и успешни во врските.
Дури научниците тврдат дека колку повеќе оптимистички и позитивно мажот гледа на својот живот, толку повеќе и траат врските со актуелните девојки.
Просто кажано - убаво е д се живее со личност која знае од "кисел лимон" кој некогаш го има во нашиот живот да подготви "лимонада", каде додава акцент на на неговиот оптимизам, што понекогаш знае да е клуч за успешна љубов.
Малите конфликти нема да бидат доволни да го уништат позитивниот дух, па таквата енергија ќе ве обземе и вас. Патем, запрашајте се дали тој ве засмејува? Ова е една од најважните карактеристики за личноста со која планирате да го поминете животот.
3. Тој е подготвен да се смени за вас
Да смените личност е речиси невозможно, но заљубен маж може да си дозволи мали промени - компромиси, само за да ви угоди. Ако било кој дел од неговото однесување не ви годи, едноставно кажете му.
Оној кој е подготвен да гради сериозна врска со вас, ќе ве ислуша, ќе ја анализира ситуацијата и, доколку е вистински заљубен во вас, ќе се обиде да направи нешто околу тоа. Научниците докажале дека сите успешни бракови се базираат на ситни промени кај партнерите.
4. Тој секогаш ќе остане мистерија за вас
Почетокот на врската е најинтересниот и најзабавниот приод од цела врска, кога започувате да го учите и истражувате партнерот. Но, дури и кога новитетите релативно ќе исчезнат, многу е важно човекот кој го знаете како дише, да остане мистериозен и непредвидлив.
Забавно е да го гледате човекот кој го знаете многу добро, како на моменти од најдобар другар, неочекувано се трансформира во романтичен заводник и љубовник од филмовите.
5. Тој е одговрен за финансиите
Начинот на кој човек управува со парите, кажува многу за неговиот карактер. Стручњаците велат дека личноста која не води сметка за своите трошоци, не е способен да го контролира својот живот.
Се разбира дека понекогаш и најорганизираната личност смее, па дури е и пожелно, да направи импулсивни и непланирани трошоци. Тоа покажува дека тој е комплетен - организиран од една страна, и позитивно непредвидлив, од друга.