4 трикови кои мажите ги користат за да ги тестираат жените
Ако девојките постојано го скенираат однесувањето на момците, бидете сигурни дека и тие испраќаат рендгенски зраци во правец на жените. Па еве некои од нив.
Се сеќава на бившите
Дали тој, онака патем, ќе спомене некоја од своите поранешни девојки и баш онака „симпатичен“ гаф кој го направила со неговите родители? Ако одговорот е „да“, јасно е дека ја тестира љубомората на девојката, а воедно и дава до знаење дека семејството е важна работа.
Испитува колку е љубезна девојката
Момците сакаат да видат колку се љубезни или трпелив девојките. Тоа најлесно може да го проверат во ресторан. Затоа девојки, бидете љубезни со персоналот во ресторанот (насмевнувајте се) или ако момчето ви предложи да ја плати сметката, задолжително заблагодарете се.
Ја прашува за нејзината работа
Нели е малку чудно ако момчето често прашува како девојката се сложува со колегите, или дали има некои проблеми во комуникацијата со претпоставените. Тој сака да провери дали девојката е конфликтна личност или дали има проблеми со претпоставените.
Предлага нешто необично
Кога момчето ќе предложи да се отиде на некое чудно место, на планинарење, или скокање со банџи, сака да види колку е девојката отворена за авантури и нови искуства.