Љубовни лекции кои ги научивме од филмското платно

Некои љубовни совети сме ги слушнале од родителите, некои од пријателите, а некои пак ги научивме од прекрасните љубовни приказни на филмското платно.

ljubovni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-filmskoto-platno-01

Ви ги претставуваме најдобрите љубовни лекции од филмовите на кои секогаш ќе се потсетуваме.

1. Sex and The City - Откако Mr.Big ја остави пред олтарот, Кери зема време само за себеси. Никогаш не потценувајте го времето поминато со себе, бидејќи само тоа може да ви помогне да сфатите што навистина сакате и заслужувате.

2. Crazy, Stupid, Love - И по долга врска или брак, никако не престанувајте одново да се освојувате. Кога и да најдете време, излезете заедно и поминете неколку  часа исполнети со слатки разговори, исто како некогаш.

3. What's Your Number? - Научена лекција - вистинскиот маж е во твојата иднина, не во минатото. Да било премногу добро, баш онака како што вие мислевте, уште би траело, зар не?

4. Ruby Sparks - Никогаш не се обидувај да го промениш својот партнер во идеален. Никој не е совршен. Поверојатно е да постигнете сосема спротивен ефект.

5. Breakfast at Tiffany's - Нема човек што некогаш не бил повреден и разочаран. Но, Одри Хепбрн е доказ дека понекогаш треба да ги срушите ѕидовите кои сте ги изградиле околу себе ако сакате да доживеете вистинска љубов.

ljubovni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-filmskoto-platno-1

6. The Notebook - Сите многу добро се сеќаваме дека Али прво ја одби љубовта на својот живот, но сепак потоа се одлучи да и даде нова прилика. Тоа што со некој немало искри на првиот состанок не значи дека мора веднаш да прекинете.

7. He's Just Not That Into You - Понекогаш се докажува како љубовта постојано е пред вас, но едноставно не можете да ја препознаете. Сите се прашуваме зошто, но тој одговор едноставно е вечна мистерија.

8. The Five-Year Engagement - Во овој филм венчавката постојано се откажува, со цел да се разрешат сите проблеми пред да биде доцна. Дури и да земете мала пауза, не е крај на светот, туку нормално нешто кое се случува на многу парови. Важно е само да успеете да решите сè што е неисправно.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg